Кога на мајките и татковците им е потребна помош со бебињата, бабите обично се првите што „скокнуваат“ да помогнат. Тие се многу важна „тајна состојка“ на среќното детство, а истовремено и лица кои имаат големо влијание врз малите. Мајките се претежно помирни и имаат поголема доверба кога бабата го чува детето отколку дадилката, што е доста разбирливо.

Како и да е, и чувањето од страна на бабите има свои предности, но и мани:

Предности

-Детето расте опкружено со грижа и позитивни емоции од неговата баба. Современите баби обично се многу трпеливи, им читаат на децата, објаснуваат, ги учат на разни работи. Бабите главно сакаат да им угодуваат на внуците, така што тие честопати им подготвуваат вкусна храна и слушаат многу прашања и им го посветуваат целото внимание на малите.

-Бабите се трпеливи. Постарите генерации не брзаат толку како помладите, така што можат да толерираат тантруми со многу повеќе трпеливост. На бабата ѝ е тешко да им се лути на своите внуци, а децата честопати се доверуваат на бабите затоа што знаат дека баба ќе ги слуша и ќе ги разбере. Во таа смисла, бабите често имаат улога на „психолог“.

Бабата е подобра опција од дадилката затоа што навистина го сака детето со сето свое срце и секогаш ќе се обиде да стори сѐ што е најдобро за него.

Недостатоци

-Бабите искрено им посакуваат сѐ најдобро на внуците, но некои од нив мислат дека се единствените што знаат како да одгледуваат деца. Секој приговор или критика од родителите на детето може да го доживеат многу лично.

Родителите и бабите и дедовците треба да имаат уникатен пристап за едукација на детето. На пример, не е во ред ако родителите сакаат да го научат детето да биде понезависно, баба да е таа што самостојно ќе прави работи наместо тоа да го стори малечкото. Понекогаш бабите, од љубов и желба да им угодат на внуците, им го дозволуваат она што родителите го забрануваат, што ги збунува децата.

Нарушување на авторитетот на родителот – Некои баби си даваат за право да ги критикуваат родителите на детето пред него, со што се распаѓа нивниот авторитет. Почитувањето на родителите е исто толку важно како и љубовта.

Репродукција – Бабата честопати сака да ги заштити внуците од сите можни тешкотии, така што сака да ги реши сите проблеми на внуците, да учествува во конфликтите на децата и да ја заземе „вистинската страна“.

Недостиг на граници – Бабите им дозволуваат речиси сѐ на децата, сакајќи да ја покажат својата неизмерна љубов. Многу деца го менуваат однесувањето дури и по краток престој во близина на бабите и дедовците, па на родителите им е многу тешко да воспостават ред и секојдневна рутина.

Честите конфликти меѓу бабите и дедовците и родителите на детето се речиси неизбежни. Ставовите за одгледување деца денес и во минатото значително се разликуваат и токму тоа е вообичаена причина за кавга. Доволно е бабата да каже „Во наше време, не можеше…“ и да се започне дискусија и кавга.

Како да се ублажат лошите страни?

Во повеќето случаи подобро е детето да го чува баба отколку дадилка, но како и сè, и тоа си има свои недостатоци. Сепак, ако бабата го чува вашето дете, еве што можете да направите за да ги ублажите тие лоши страни, ако се чини дека ги имате.

Бидете единствени во однос на барањата за детето – тоа подразбира детето да ја има истата дневна рутина и кај бабата. Разговарајте со бабата за да ги утврдите правилата.

Бабата да не биде слугинка – објаснете ѝ дека детето нема да биде уморно ако изврши некои домашни обврски во согласност со неговата возраст.

Научете го детето да ја почитува баба си – не дозволувајте да се однесува кон неа грубо или да се обиде да ја манипулира.

Не зборувајте за одлуките и можните судири околу воспитувањето пред детето.

Конечно, имајте на ум дека мајките и татковците, бабите и дедовците се најважни во животот на детето, па затоа работете на тоа да има хармонични односи меѓу вас.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор



912

X