Има ситуации кога едноставно не пристигнувате навреме во градинка за да го земете вашето дете. Но, тоа навистина им пречи на воспитувачките. Барем така тврди воспитувачката Ерин Норвуд, која објавила видео на „Тик-ток“ со наслов „Работите што ги мразам кај професијата воспитувачка во градинка“. На прво место се родителите што доцнат да ги земат децата.

„Она што ме погодува е кога затвораме во 17:45 часот, а гледам родител како седи во автомобилот, зафатен со својот мобилен телефон, а потоа доаѓа на вратата од градинката помеѓу 17:50 и 18 часот“, вели еден од корисниците со неа во коментарите.

На второ место се мајките и татковците што не чуваат резервна облека во ранецот на своето дете. На списокот се и децата што ги носат омилените играчки од дома, преголемите ракавици кои ги носи за да ги смени пелените на децата и искинатите книги од кои треба да им чита приказни.

„Се согласувам 100 проценти“, додава друго лице. „Сочувствувам“, вели трето.

Извор



912

X