90 отсто од развојот на мозокот се случува до петтата година – пред повеќето деца да почнат да одат на училиште.

Ова значи дека до моментот кога ќе стигнат во училницата, нервните патишта се воспоставени и повтореното однесување станало вкоренето.

Замислете го мозокот како цемент, во првите години можете само да го мешате

– Неодамна прочитав нешто што совршено ја опишува оваа изјава: „Замислете го мозокот како цемент, во првите години можете само да го мешате.“ Но, кога тие искуства ќе се случат, тие се како камењата внатре. Потоа цементот се стврднува и станува дел од тоа што се тие – вели наставничката Аманда Бернс.

Наставниците имаат искуство за тоа како различните видови родителство влијаат врз однесувањето на децата – а Аманда потврдува дека постои силна врска меѓу нив.

Кои стилови на родителство водат до деца кои бараат внимание, деца кои пркосат или се повлечени во училницата?

Хеликоптер-родителство

Опис: Хеликоптер-родителите посветуваат исклучително големо внимание на проблемите и искуствата на своето дете, често како начин да ги заштитат. Тие како хеликоптер лебдат над нивните глави, постојано следејќи го секој аспект од животот на своето дете.

Како еден од најдискутираните стилови на родителство на модерното време, може да биде изненадување да откриеме дека во одредени околности, хеликоптер-родителството може да биде неверојатно позитивно кога станува збор за училишниот живот.

– Тоа навистина зависи од односот на родителот со детето и односот на родителот со наставникот. Ако сите се поврзат, тогаш е тоа е убава работа. Ако вие како наставник имате позитивен однос со родителот, можете да направите многу работи за да имате вистинско влијание врз тоа дете, а и тоа ќе биде среќно – вели наставничката Аманда.

Но, ако некоја од овие врски се прекине, работите ќе тргнат на лошо.

– Родителот ќе биде премногу заштитнички настроен, а ако нема добар однос со наставникот, тогаш тоа е проблем. Детето може да го види тоа и тогаш можеби нема да го почитува наставникот, а тоа ќе се покаже преку однесувањето на детето – додава наставничката.

Авторитарно родителство

Опис: Авторитарните родители се строги. Нивниот фокус е на несомнената послушност, дисциплина и контрола спроведени преку правила и казни. Ако мислевте дека строгото родителство води до ангелски мали деца, размислете повторно.

– Ако родителите се премногу брзи, премногу строги, тогаш тоа предизвикува детска борба, бегство или замрзнување – вели наставничката.

Таа објаснува дека поради огромниот развој на мозокот што се случува до петтата година, може да биде навистина штетно ако децата не разберат зошто им викаат, дури и ако тоа е добронамерно.

– Овие деца реагираат со борба, бегство или едноставно стануваат парализирани, што потоа има големо влијание врз однесувањето и доаѓа од потреби кои претходно не биле задоволени. Ова може да резултира со пркос, а детето може да реагира импулсивно или дури и целосно да го напушти часот – вели Аманда.

Секогаш има едно дете што бега затоа што не може емоционално да се справи со ситуацијата и мора да се отстрани од неа.

Попустливо родителство

Опис: Попустливите родители ретко даваат или спроведуваат правила и претеруваат со угодувањето на своето дете за да избегнат конфликт.

Аманда објаснува дека тие деца или ќе напредуваат, бидејќи ја имаат структурата и границите во училиштето што им недостигале, или ќе им пркосат на наставниците.

Јасните очекувања им помагаат на децата да се чувствуваат безбедно, а работите почнуваат да стануваат збунувачки ако нема доследност во родителството.

Занемарливо родителство

Опис: Овој стил се карактеризира со недостиг на одговор на потребите на детето, освен храна, облека и засолниште. Неинволвираните родители нудат малку совети или грижа и ги оставаат децата сами да носат одлуки – големи и мали.

Децата со далечни или емоционално неинволвирани родители честопати почнуваат со однесување кое бара внимание кога се мали, но веројатно ќе станат поповлечени како што ќе пораснат.

Аманда објаснува дека типичното однесување за барање внимание на училиште, како што е зборување на час, често е всушност повеќе со „барање врска“ со наставничката.

Напорно родителство

Опис: Напорните родители се обидуваат преку своите деца да ги туркаат сопствените ставови и амбиции.

Ова родителство има слично влијание како хеликоптер-родителството кога е нарушен односот родител-дете. Во двата случаи, тие се залагаат за нешто и не ги земаат предвид преференциите и мислењето на детето.

Аманда вели дека ова може да доведе до повлечени деца.

– Можете да видите дека ќе бидат малку поприврзани за наставникот, но тивки затоа што не се чувствуваат како да ги слушаат – вели Аманда.

Извор



912

X