Навиката на некои родители да ја „дезинфицираат“ цуцлата на бебето што паднала на под така што ќе ја стават во својата уста е погрешна, па дури и опасна бидејќи никогаш не можат да бидат сигурни дали имаат некоја инфекција, вирус или херпес кој може да му го пренесат на детето.
Повеќето родители веруваат дека е сосема правилно тоа што цуцлата на своето бебе ја „дезинфицираат“ со својата плунка. А потоа му ја враќаат на детето, мислејќи дека сè ќе биде во ред со здравјето на бебето. Меѓутоа, експертите тврдат дека е погрешно.
Имунологот и алерголог Џон Зегле вели дека методот на „чистење“ може да биде опасен бидејќи родителите никогаш не се доволно сигурни дали во моментот се носители на некој вирус, инфекција или херпес. На тој начин сигурно му го пренесуваат на своето дете, чиј имунолошки систем не е доволно изграден. Не се исклучени ниту алергиите.
– Затоа, единствениот правилен начин да ја исчистите цуцлата е да ја стерилизирате или да ја ставите во зовриена вода. Бебињата сè уште го градат имунолошкиот систем и не можат да се борат против инфекции и бактерии онака како што можат возрасните – советува експертот.
912