Се сеќавате како беше порано? Цртан филм во 19 часот и потоа на спиење. Тоа беше сосема нормална и многу логична, како и корисна рутина за децата во развој. Сите знаеме дека на учениците или децата на таа возраст им треба многу сон и одмор и дека не можат добро да функционираат без тоа. Ниту мозокот ниту телото не функционира добро, а од тоа често зависи и расположението.

Но, денес сè е поинаку. Децата што си легнуваат во 20 часот се повеќе исклучок отколку правило. Дури на оние родители што толку „рано“ ги праќаат своите деца в кревет се гледа со малку чудење, а понекогаш дури и како да ги малтретираат своите деца со тоа што ги тераат да легнуваат толку рано.

Кога треба да спијат учениците, односно основците? А што мислат децата за тоа?

Една мајка на „Тик-ток“ ги прашала своите четири деца што мислат – кога треба да одат на спиење. Нејзините деца имаат 14 години (8. одделение), 12 години (6. одделение), 10 години (4. одделение) и 6 години (1. одделение).

Нејзиниот осмоодделенец предложил помеѓу 22 и 22:30 часот. Нејзиниот шестоодделенец го предложил истото, нешто на што мајката била подготвена да размисли, но тоа предизвикало незадоволство кај нивниот постар брат.

-Моето време за спиење во 6. одделение беше 20:00 часот – рекол тој.

А мајката искрено возвратила:

-Така е тоа кога си најстар!“

Нејзината ќерка мисли дека 21 часот е разумно време за да си легне и мајката се согласила, додека првачето ја тестира нејзината способност за ефикасно „ценкање“: кога мајка ѝ го одбива нејзиното барање за 22:30 часот, таа возвраќа: „12!“

Но, мајката смета дека 20 или 20:30 часот е поразумно време.

Генерално, повеќето од децата имале добра процена за тоа кога треба да бидат в кревет. Според упатствата прифатени од Американската академија за педијатрија, на децата од предучилишна возраст до приближно шесто одделение (на возраст од 6 до 12 години) им требаат помеѓу девет и 12 часа сон дневно. На децата на возраст од 13 до 18 години им треба малку помалку: 8 до 10 часа треба да бидат доволни.

Точниот број зависи, се разбира, од околностите, како и од индивидуалните потреби: на некои им треба повеќе сон, поблиску до овие 12 часа, додека други можат да „преживеат“ со помалку од осум и да се чувствуваат добро.

@lexismoun

Hmmm not bad answers haha

♬ original sound – Lexismoun

Недоволното спиење е поврзано со невнимание и проблеми во однесувањето и учењето, како и со ризик од несреќи и повреди. Училишниот ритам и раниот почеток на наставата наутро бараат рано будење, па во неколку наврати е кажано дека таа не е целосно приспособена на детскиот деноноќен ритам. Идеалното време би било барем половина час подоцна, во 20:30, особено за тинејџерите и оние пред пубертет. Но, затоа има родители кои треба да одредат време за спиење и да се држат до него.

Исто така, треба да се внимава децата да јадат здрава храна и да имаат доволно физичка активност во текот на денот. Не треба повеќе да зборуваме за мобилните телефони и екраните, нели? Тие секако не треба да бидат активни најмалку 2 часа пред спиење. Би било убаво кога би можеле да кажеме дека родителите треба да им даваат добар пример на своите деца кога станува збор за спиењето, но тоа не е сосема изводливо. Покрај тоа, нам секако ни треба помалку сон.

Но, родителите не треба да си дозволат да останат будни до доцна навечер со своето дете, дури и ако им е потребна помош за некој училиштен проект. За тоа треба да најдете време кое не е дел од ноќта.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X