Игротека

Кога треба да го учите детето да вози велосипед?

Прво превозно средство со кое сите сме управувале е велосипед. Голем број родители пристапуваат со страв кон учењето на детето на вештините за возење велосипед, поради што и самите деца чувствуваат страв. Еве што секој родител мора да знае за тоа.

– Не постои идеална возраст на која можете да го учите детето да вози велосипед. Најдобро е да почекате самото дете да изрази желба.

– Сепак, помеѓу четвртата и осмата година од животот повеќето деца развиваат физичка координација, добра рамнотежа и принцип на запирање на својот трицикл или велосипед со помошни тркала, па се подготвени за учење велосипедски вештини. Она што како родители можете да го направите е психички ефект – да го подготвите детето за возење, да го предупредите на тоа дека веројатно ќе падне и дека тоа не е ништо страшно.

– Наместете го седиштето така што детето да може со нозете да ја допре земјата.

– Набавете заштитна кацига за детето, а првите тренинзи реализирајте ги на терен со трева за да се ублажи евентуалниот пад.

– Кога ќе го совлада вртењето на педалите, не пуштајте го на улица додека не го научите на сообраќајните правила.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top