Корнелија Ѓорѓиеска, доктор по општа медицина

Корнелија Ѓорѓиеска, доктор по општа медицина

kornelija_gjorgjieska@hotmail.com

Повеќе од авторот

Никако не ставајте го детето со пониска температура под топол туш или во када со топла вода! Загревањето треба да биде бавен, стабилен, постепен процес. Бидете трпеливи!

Намалена температура или хипотермија е состојба кога температурата на телото паѓа значително под нормалата. Нормална телесна температура е 37 степени, а за хипотермија се смета состојбата на телесна температура под 35 степени. Кога температурата паѓа, се забавуваат и нормалните функции на човековото тело, односно се забавува неговото нормално функционирање.

Воопшто не е чудно што и покрај тоа што имаме летни горештини и доста високи температури, сепак, гледаме деца со намалени температури на телото. Тоа се случува секое лето. Малечките имаат поголема површина во однос на нивната телесна маса, па така се јавува зголемен ризик за загуба на топлина.

Дури и врвни спортисти, како и луѓе што сакаат да пливаат можат да изгубат премногу телесна топлина без да сфатат дека тоа се случува. И невозможно е да се каже точно колку долго е премногу. Сепак, тоа е индивидуална карактеристика.

Сите реагираат различно на оваа состојба. Луѓето што се подобро обучени можат да издржат подолго време во ладно опкружување. Луѓето со поголем процент на телесна маст имаат тенденција да ја одржуваат телесната температура подолго време.

Како можеме медицински да ја објасниме појавата на хипотермија?

Бидејќи телото ја губи нормалната температура и се лади, крвта се насочува кон централните органи за да може да ги одржи основните температури на витално важните органи. Ова значи дека дури и професионалните пливачи можат да добијат вкочанети прсти, што влијае врз нивната способност да фаќаат предмети. Бидејќи мозокот прима помалку кислород, малечкото што било во вода може да стане малку збунето и дезориентирано, така што може да не ги следи добро упатствата.
Ако некое дете се тресе и има сини усни, а притоа нема други симптоми, тоа само треба да се загрее.

Хидратацијата е многу важна за да се ослободите од метаболитите на мускулите кои се формираат кога многу се тресете. Топол засладен чај или топла супа помага

Но, никако не ставајте го под топол туш или во када со топла вода! Загревањето треба да биде бавен, стабилен, постепен процес. Бидете трпеливи!

Подобро решение е да користите ќебиња и облека за одржување на телесната температура. Најпрво користете нормални ќебиња, а потоа можете да користите затоплени ќебиња. Никако не  ставајте го детето до директен извор на топлина!

Што доколку температурата не се зголемува?

Додека постепено им ја враќате температурата, дајте им и многу течности!
Хидратацијата е многу важна за да се ослободите од метаболитите на мускулите кои се формираат кога многу се тресете.
Топол засладен чај или топла супа помага. Понекогаш хипотермијата не е ништо друго освен знак за дехидратација. Во тој случај, најсоодветна супституција на загубените електролити е супата од петел.
Во најголем број случаи со ова ќе се нормализира температурата на вашето најмило.

Измерете ја неговата температура ректално, затоа што сакате да ја измерите основната топлина на телото.
Мерете ја постојано температурата на вашето дете и водете континуирана евиденција на променетата температура.

Нашата практика вели дека поточни резултати дава живиниот топломер. Дигиталните топломери понекогаш знаат да дадат разлика за 0,3-0,5 во однос на живиниот топломер.

Ретко се случува, но кога преземените мерки не даваат резултати за затоплување и температурата не се зголемува, детето или возрасниот не може да издржи или не може нормално да ги движи екстремитетите, ако е конфузно или дезориентирано во просторот и времето, во тој случај, потребно е да се упатите до најблиската болница, каде што обучените луѓе знаат како да се справат со оваа ситуација.



912

X