Воспитување

Кога сте со децата, обрнете им внимание! Совети за позитивен однос

Градењето позитивни врски со децата е цел на секој родител. Толку многу се трудите да ги одгледувате своите деца за да станат успешни возрасни лица, што и да значи тоа за вас. Но, како што се фокусирате на долгорочната цел, некогаш го губите патот. Може да заборавите што е она што најмногу му треба на детето, а тоа е да има здрав однос со вас. Ова се трите принципи за градење позитивен однос со вашите деца:

Уживајте во уникатноста на вашето дете

Вашите деца се родени како индивидуи и се свои, не се такви какви што некој друг посакува да бидат. Вашиот план за нив и притисоците што им ги наметнувате само ќе предизвикаат фрустрации кај нив. Тоа нема да ве донесе до вашата долгорочна цел – да бидат успешни возрасни лица. Кога последен пат сте ценеле нешто што друг возрасен ви го кажал дека треба да го правите во животот? Ставете ја вашата агенда настрана и уживајте во уникатноста на вашето дете.

Кога сте со децата, обрнете им внимание!

Навистина запознајте ги. Оставете ги телефоните настрана. Гледајте во нив, смејте се додека играте, уживајте во заедничка прошетка во природата, играјте со топка, читајте книга. Активно слушајте го детето и обидете се да го запознаете такво какво што е. На децата им е потребно заедничко време со вас без разлика дали имаат 18 месеци или 18 години. Така ќе изградите реална врска со нив и ќе бидете поддршката што им е потребна за тие самите да се пронајдат и да бидат свои. Поминувањето време со децата е секојдневна работа, дури и ако одвојувате само 10 минути за нив на ден. Вреди на долгорочен план.

Поставете јасни и разумни граници, проследувајте ги и засилувајте ги со достоинство и почит

Без разлика колку години имате, дозволено ви е да го мислите и чувствувате она што е во вас. Вашите однесувања – она што го зборувате и правите поради вашите мисли и чувство – тоа може да предизвика штета. Вашите однесувања треба да имаат граници. Вашите деца учат од вас како да бидат способни возрасни лица кои даваат придонес во општеството. Ова е основа за здравите возрасни врски и нивните права да ги изразат емоциите и идеите. Па ако можете да ја ставите настрана вашата агенда, да се вклучите со децата и да ги научите како да живеат со почит кон себеси и кон другите, тогаш сте оствариле прекрасен однос со вашите деца. А тоа е основата за тие да пораснат во здрави и успешни возрасни лица. Користете ги овие стратегии за да изградите позитивен однос со децата, а врската што ја споделувате со текот на времето ќе станува поцврста.

Автор: Џудит Пинто

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top