Студија чии резултати биле објавени во списанието „Evolution and Human Behavior“ покажала дека бебињата се најслатки на возраст од околу шест месеци, што ги изненадило научниците затоа што очекувале најмалите бебиња да бидат најслатки.
Во истражувањето учествувале 142 луѓе на кои им биле покажани фотографии од 18 бебиња направени веднаш по раѓањето, а потоа кога имале три и шест месеци. Испитаниците одговарале на прашања дали би биле подготвени да посвојат бебе доколку го имаат на ум неговиот изглед, среќа, здравје и дали личат на нив.

Научниците велат дека карактеристиките како големите очи и образи се развиваат за да се разбуди кај возрасните заштитниот инстинкт кој ќе обезбеди преживување на бебињата.
Научниците, исто така, велат дека е во ред доколку родителите немаат чувство на љубов од првиот ден бидејќи врската со детето се развива и расте подоцна.