Воспитување

Кога сте сами како родители. Како изгледа да немаш помош…

Шест часот наутро е, 80-тите години, а јас само што се разбудив со треска. Тогаш, во мал град со железарница и тага, недостиг на можности и надеж, мајка ми обично ѝ се јавуваше на мајка си и ѝ велеше: „Мамо, едно од децата е болно. Можеш ли да го чуваш?“ Така, со кивање и кашлање одев кај баба ми. Ме хранеше се потпечено лепче и ми читаше „Том Соер“ додека не заспиев. Брат ми со години се бореше со сезонски бронхитис и спиеше на каучот од баба ми. Имавме цело едно „село“ околу нас.

Истата баба ме земаше од градинка. Понекогаш, сопругата од братучедот на мајка ми ме испраќаше до автобуската постојка заедно со нејзината ќерка. Дотаму одеа работите: сопругата од братучедот на мајка ми. Моите родители секогаш имаа дадилка. Пристигнуваше во среда или четврток и додека бевме на училиште, ја переше облеката, ја пеглаше, ги миеше садовите. Секогаш имаше друг пар раце и други домови во кои можев да влезам без да чукнам.

Сега, кога едно од моите деца се разбуди со треска, тоа за мене значеше јавување на работа за да известам дека не одам, ниту јас ниту мојот сопруг. Кога сакаме да излеземе на вечера, плаќаме по 60 долари за привилегијата бидејќи таквите вечери се многу ретки. Нема можност за дневно закажување термин кај лекар: нема некој што ќе ги причува децата. Никој не може да ги земе кога доцниме, кога сме заглавени во сообраќај, или кога сме болни или зафатени. Никој не помага.
Ние сме остров, еден од оние тажни острови, острови на духови што имаат знак: „Популација: 5“. Немам мрежа на луѓе околу мене што стојат со отворени раце за да помогнат. Луѓето што го сочинуваат нашето семејство се отселија или работат до многу доцна. Не чувствуваме дека е во ред да ни ги чуваат децата кога се премногу зафатени.

Немаме „село“.

И затоа продолжуваме. Сами.

Така е кога сте сами како родители. Иако повеќето Американци сè уште живеат блиску до своите мајки (според „Њујорк тајмс“), колку повисоко образование имате и колку сте повисоко на социо-економската скала, толку помалку останувате блиску поврзани со семејството, како што било случај во вашето детство.

И повеќето наши пријатели го немаат тоа, барем оние малку пријатели што ги имаме. Тешко е да се создаваат пријателства кога си возрасен, а уште потешко е да создадеш добри пријателства кога си родител – тип на пријатели кај кои не треба да чукнеш на врата. Пријатели кои ќе се понудат да го причуваат твоето дете кога си болен. Минатата година цело наше семејство имаше грип наеднаш. Мислам дека некои пријатели оставија пица пред вратата и побегнаа.

Заборавете на одмор по породувањето. Заборавете на состаноци со сопругот – не можете да си дозволите и вечера, и кино, и дадилка. Не можете да си дозволите ниту само дадилка. Имаме три момчиња. Не можеме од пријателите што имаат едно дете да бараме да ги чуваат нашите три. Заборавете на денот за менталното здравје. Немаме такви денови. Имаме „Нетфликс“, филм по филм и се чувствуваме како лош родител откако ќе го изгледаме и третиот дел од „Ледена доба“.

Заборавете на земањето на децата и возењето наоколу. Нема помош од баба која ги зема децата од училишниот автобус, или од фудбалски тренинг, или од училиште. Вистинска приказна: некогаш се возев со автобусот до куќата на мојот роднина наместо дома. Никој не се грижеше за тоа. Беше сосема нормално.

Заборавете на термини кај лекар. Немањето помош значи постојана потрага по дадилки, бескрајни интервјуа со студенти што сакаат да бидат бебиситери, пребарување по интернет-страници за чување деца. Не играат со децата, само им пуштаат телевизија. Добри се само да се јават во служба кога во куќата има пожар.

Да немате помош значи да изгубите работни денови. Значи дека немате безбедно место каде што можете да се сместите по напорниот ден, каде што ќе можете да „колабирате“ додека децата трчаат и некој друг се занимава со нив, додека вие се соземате.

Да немате помош значи да плаќате дадилки, некој што ја собира поштата и ги вади растенијата. Никој не се јавува да праша дали ви треба нешто. Никој не готви нешто и не ви испраќа дел вам, во вообичаен ден од работната недела.

Да немате помош значи дека патувате за празниците и ги поминувате сами. Не го вадите скапиот сервис за јадење, за петте лица што ги гледате секој ден. Значи осаменост. Значи немање пауза.
Тажно е тука во земјата во која нема помош. Се навикнувате да ви недостига мајка ви, иако имате лош однос. Ви недостигаат тетките, вујковците, бабите, дедовците, роднините, мрежата на раце што ќе помогнат. Ви недостига сето тоа за вашите деца. Ви недостига и за вас.

Секогаш барате вистински пријатели. Вистинска поврзаност и поддршка. Сепак, вие сте сами со партнерот и децата. Вашите кучиња треба да чекаат со часови внатре бидејќи нема некој што ќе ги пушти надвор. Вашето срце е осамено и посакува некој да посегне по вас.

Ова значи да живеете без помош. Ни се допаѓа тоа што сме си доволни сами на себе. Ни се допаѓа што никој не ги преиспитува нашите одлуки или се сомнева во нас.

Но, сами сме. Ќе се издржат сите двоумења и преиспитувања што ги наметнуваат моите роднини, само да го нема тоа чувство.

Осаменоста владее на овој остров.

Автор: Елизабет Бродбент

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top