Магдалена Стојановски, стоматолог

Магдалена Стојановски, стоматолог

ПЗУ „Тера дент“

Повеќе од авторот

Во стоматолошките ординации најдобро е пациентот претходно телефонски да закаже интервенција кај матичниот стоматолог. Така што за пациентот што мора да посети стоматолошка ординација треба да биде спроведен посебен протокол на прием

Со оглед на ситуацијата во светот и во нашата земја, предизвикана од вирусот Ковид-19, период на пандемија, би сакала да споделам неколку совети поврзани со стоматологијата. Односно кои ситуации се итни стоматолошки интервенции.
Во интерес на превентивната заштита на здравјето на луѓето, во овој период на пандемија ве советувам да се редуцираат посетите во стоматолошките ординации со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, освен во исклучителни ситуации во состојба на итност. Препораките се да се примаат само итни случаи.
Најпрвин треба постојано да се следат и да се почитуваат препораките дадени од релевантните институции додека трае овој период на пандемија, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.
Во стоматолошките ординации најдобро е пациентот претходно телефонски да закаже интервенција кај матичниот стоматолог. Така што за пациентот што мора да посети стоматолошка ординација треба да биде спроведен посебен протокол на прием. И, се разбира, пациентите не треба да ги имаат симптомите на коронавирус. Доколку пациентот има симптоми што укажуваат на зараза со коронавирус, најпрвин треба да се јави на веќе познатите телефони со цел да се направат епидемиолошки анкети и евентуално дијагностицирање на болест.

Ургентни состојби во стоматологијата има повеќе, но јас ќе набројам неколку.

– Трауматските повреди на забите и околните меки ткива претставуваат ургентни состојби и се одликуваат со итност. Тоа значи повреди на забите, меки ткива (јазикот, образите, непцата);
– Дифузно-бактериска инфекција на меко ткиво со интраорален оток е исто така ургентна состојба. Тоа е оток кој не е јасно ограничен, може да биде на горна или на долна вилица, исполнет со гној.
– Пулпитична болка-воспаление на пулпата на забот (воспаление на нервот на забот), која се карактеризира со јака остра болка во забот, болка при мастикација-џвакање, болка на ладно.
– Фрактура на забите (тоа значи скршен заб), која може да биде од различна причина и етиологија, која резултира со јака болка кај пациентите, а исто така фрактурираните, односно скршените заби можат да предизвикаат траума на околните меки ткива.
– Започнат еднодонски третман, односно тоа подразбира започнато лекување на забот, каде што најпрвин се врши умртвување на нервот, па следна фаза е вадење на нервот на забот, дефинитивно полнење и пломба.
– Често пати имаме трауми кај децата, фрактура на забите, втиснување на забите, луксација и сл.

Би сакала да напоменам дека другите стоматолошки интервенции – чистење забен камен, промена на пломба, превентивните интервенции, залевање на фисури и естетската стоматологија не спаѓаат во ургентни состојби во стоматологијата.
Сите редовни посети и редовни орални прегледи, вклучувајќи ги и рутинските рендген-снимки, не се итни стоматолошки интервенции.

ПРЕПОРАЧУВАМ СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ШТО НЕМА ПОТРЕБА ЗА ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА (ОСВЕН ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ИТНИ СИТУАЦИИ) ДА ОСТАНЕ ДОМА, ЗАШТИТУВАЈЌИ СЕ И СЕБЕСИ И ОКОЛИНАТА).



912

X