Првиот момент кога се најдов во ситуација во која некој се поставува како подобар од другите беше додека пиев кафе на физичка дистанца во парк, со една од жените од часовите за породување што ги посетував.
„Почнав да му давам адаптирано млеко“, ми шепотеше како да му дава дрога на детето, а не како да зборува за хранење. Од каде вината? Бидејќи дебатата „шише наспроти доење“ е една од многу теми што предизвикуваат војна во дискусиите. Во сите други аспекти од животот, повеќето од нас имаме волја да се приспособиме на различни теми за различни луѓе. Секој треба да го прави она што го сака.
Сепак, кога се работи за родителството, ако изберете да одите по друг пат, различен од оној на некој друг, може да бидете обележани како да вршите нешто од типот на злоупотреба на дете. Сето ова започнува уште пред да ви се роди детето, кога носите различни одлуки – од пиење алкохол до тоа какво месо сакате и слични избори, кои секогаш наидуваат на константна осуда од другите. Напишав текст за пиење чаша вино за време на бременост и бев „тролана“ на социјалните мрежи од луѓе кои ми велеа дека моето бебе ќе има оштетувања на мозокот. А тоа е токму она што сакате да го слушате кога сте ранливи и хормоните ви се во хаос.
Раѓањето дете сега е компетитивен спорт, каде што „природното“ е најдоброто за бебето, а ослободувањето од болката се смета за немање храброст. Сум слушнала нови мајки кои се обидуваат да зборуваат меѓу себе за должината на породувањето, големината на бебето и друго, како да има некоја награда што треба да се освои. Награда која не е постанатална депресија. Иако не се впуштив во раѓањето на моето дете со план, сигурна сум дека го апсорбирав сето ова и затоа отидов многу доцна за да барам епидурална анестезија. Кога сте нов родител, секој избор изгледа збунувачки и како да треба да изберете страна. Да се спие заедно со бебето или не? Да му се обрнува повеќе внимание или не? Но, работите само се влошуваат како што растат децата.
Се отвора дебатата за поминување време пред екраните, движење за депилација и антидепилација и слично… Ми го поставиле и прашањето: „Веќе се враќаш на работа?“, со зачуден израз на лицето. Промрморив дека ми требаат пари, премногу засрамена да признаам дека се враќам зашто си ја сакам работата и во тој момент сум благословена што одам на работа бидејќи тоа е период кога всушност знам што точно правам.
Не знам зошто мајчинството се гледа како натпревар и покажување кој е подобар. Но, не сум изненадена што речиси 70 проценти од родителите се чувствуваат осудени за квалитетот на нивното родителство. Секој треба да израсне и да воспита среќно, приспособливо дете, а речиси секој се чувствува параноично дали тоа го исполнува како задача.
Автор: Кејт Вилс