Забава

Кога имате деца, тишината во домот не значи мир, туку огромен неред

Али Робинсон доживеала вистинска семејна драма веднаш по враќањето од ручек со сопругот, синовите Харисон и Рајли, како и со својата снаа и внука. Планот бил децата да си поиграат во дворот пред да си заминат.

– Дојдоа кај нас за децата уште малку да си играат во дворот пред да си одат. Внуката го однесе Харисон горе во неговата соба, нешто што често го прават – вели Робинсон.

Многу родители се стремат да ја поттикнат самостојноста кај децата уште од најрана возраст. Но, по оваа случка, Али и нејзиниот партнер веројатно двапати ќе размислат пред повторно да му дадат целосна слобода на Харисон.

Двете деца биле на горниот кат околу половина час. Робинсон претпоставила дека си играат зашто било тивко и мирно, но вистината била сосема поинаква.

– Разговаравме со мајка ми, која е на Јамајка. Одеднаш се појави Харисон, а целото негово лице беше премачкано со крем. Внуката сè уште беше во собата и не ни забележала дека тој излегол. Кремот се наоѓаше на ноќната маса во нашата спална. Тој го зел, седнал на врвот од скалите и почнал да се мачка по целото тело – раскажува Робинсон.

Сцената е овековечена на видео кое Али го објавила на својот тик-ток профил. Видеото брзо станало вирално со описот: „Кога детето ти е премногу тивко.“

Извор

Поврзани написи

To top