Здравје

Кога е во ред да се донесе болно дете на забава – објаснување од педијатар

Ги наместивте костимите за забава. Ги испековте колачињата. Ги завиткавте подароците. Сите сте подготвени да одите на големата празнична забава.

Потоа вашето дете се буди со кивање. Дали сè уште можете да одите на забавата?

Педијатарот д-р Габриела Дауер има формула за да го пронајдете одговорот.

-Самото течење на носот не ме плаши. На многу деца им тече носот во зимската сезона. Може да биде од студеното време или може да биде од алергии. Кивањето нема да направи многу штета, особено со добра хигиена на рацете – советува таа.

Сепак, други симптоми се малку позагрижувачки.

Апсолутно треба да останете дома ако детето се разбуди и има температура, ако се разбуди и повраќа или има дијареја – дури и ако тоа му се случувало во текот на вчерашниот ден. Потребни се 24 часа без симптоми пред да одите на забава бидејќи кога имате температура вие сте на највисоката точка на зараза – објаснува лекарката.

Дауер препорачува стандарден термометар за во уво за деца над 2 месеци.

За деца помлади од 2 месеца, Дауер препорачува мерење на температурата ректално.

-Температура во таа возрасна група е медицински итен случај – додава таа.

Упатствата на Дауер за останување дома кога сте болни се совпаѓаат со оние на Центрите за контрола и превенција на болести на САД. ЦДЦ предлага да останете дома ако:

-Имате температура,
-Повраќате повеќе од двапати во претходните 24 часа,
-Имате дијареја или почести случаи од вообичаените празнења на цревата,
-Имате рани на кожата кои се дренираат,
-Имате симптоми на респираторен вирус кои не се подобруваат.

Многу од ризиците од носење болно дете на забава се невидливи.

-Не знаете кој има новороденче дома. Не знаете кое од овие деца е имунокомпромитирано или неодамна имало рак. Не знаете кој има имунокомпромитирано лице во својот дом. Кога одиме на забава, очекуваме и другите да имаат почит и пристојност и да не дојдат ако се болни, за секој случај ако имаме некој што е исклучително ранлив. Ако вашето дете имало температура утрово и му дадовте лек и таа поминала, тоа не се смета како завршена работа. Во тој момент, подобро е да останете дома – советува лекарката.

Автор: Роси Галоси

Извор

Поврзани написи

To top