Воспитување

Кога децата престануваат да дремат попладне

Можеби се радувате што вашето дете се откажува од дневните дремки, но можеби сте нервозни затоа што тоа значи дека ќе изгубите скапоцено време за себе. Како и да е, можеби се прашувате кога децата престануваат да дремат попладне.

Педијатарот д-р Крупа Плејфорт вели дека сонот е клучен за сите, особено за децата кои растат и се развиваат.

„Сѐ повеќе истражувања потврдуваат дека висококвалитетниот, конзистентен сон со соодветно времетраење му помага на телото да функционира. Имаме дури и студии кои ни покажуваат дека дневните дремки можат да им помогнат на децата од предучилишна возраст да научат и да запомнат информации“, објаснува таа и додава дека спиењето е неопходно за раст и развој на мозокот, регулирање на расположението и за закрепнување.

Според педијатрите, распоредот за дремка варира во зависност од возраста на децата.

„Помеѓу првата и втората година повеќето деца преминуваат од два дневни одмори на еден. Исто така, нормално е да се забележи промена во шемите на спиење околу возраст од 2 и 3 години, но на повеќето деца под 3 години сè уште им е потребна попладневна дремка“, вели таа.

На возраст од 3 до 4 години децата почнуваат да „кокетираат“ со одењето в кревет, но сепак им е потребен дневен одмор за да им помогне да го поминат остатокот од денот.

„Ако вашето 3-годишно дете сè уште спие во текот на денот, а спие добро и навечер, нема потреба да му ги укинувате дремките. Запомнете дека на децата на возраст меѓу 3 и 5 години обично им требаат помеѓу 10 и 13 часа сон на ден“, забележува таа.

Според анкетите, приближно 60 отсто од 4-годишните деца имаат попладневна дремка, додека само мал дел од 5-годишните применуваат дневна дремка.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top