Детските, бенигни лаги често ги смеат возрасните, а дали знаете зошто тоа го прават и кога почнуваат да се служат со такви работи?
Додека се малечки, тоа го прават првенствено од лични интереси, а подоцна, поради туѓото мислење или она што е општествено прифатливо, истакнуваат експертите и нагласуваат дека таквото однесување е нормално за развојот на детето.
Првата лага по втората година
Обично почнуваат да лажат помеѓу втората и четвртата година, но ретко тоа треба да се сфати сериозно бидејќи нема да стане проблематично поради неколку неизговорени вистини. Експертите велат дека лажењето кај децата е всушност знак дека знаат што се случува околу нив, па развиле „теорија на умот“ – свест за тоа дека другите може да имаат различни желби, чувства и уверувања во себе.

Првиот пат секогаш ги фаќате дека лажат
Нивните први лаги најчесто се смешни и симпатични и без никаков ефект. На пример, кога тврдат дека не го изеле колачето, а устата и лицето им се извалкани со чоколада, или ќе го обвинат кучето дека цртало по ѕидот. Тие знаат дека може да ги измамат другите, но сè уште не се доволно вешти и уверливи во тоа. И додека лажењето не е општествено прифатливо, способноста да знаат што другите мислат и чувствуваат е важна општествена вештина. Тоа е поврзано со емпатија, соработка и грижа за другите.