Една мајка му поставила прашање на психолог во врска со нејзината дилема кога е време братот и сестрата да престанат да се бањаат заедно.
„Имам момче и девојче, 9-годишни близнаци. Мојата ќерка почна да покажува знаци на пубертет, но е задоволна со своето тело. Тие обично играат додека се соблекуваат пред одвоено да се тушираат. Чувствувам дека во овој момент е време да не бидат голи заедно, но не знам што да направам. Кои се годините кога веќе не би требало да се покажуваат едни на други и како тоа да се направи без создавање телесен срам?“
Одговорот на психологот:
„Ве поздравувам што сте тргнале од позитивен став кон телата на вашите деца. Препознавате дека ќерката е задоволна со сопственото тело, а знаеме дека девојките и жените на долгиот пат кон растењето се соочуваат со своето тело и сите ризични општествени и културолошки притисоци. За возрасните, кои се повеќе упатени во сексуалноста, понекогаш може да биде непријатно на голотијата да гледаат на начин на кој тоа го прават нашите деца. Ги знаеме сексуалните импликации на начинот на кој телата се прикажуваат и користат и сакаме да бидеме внимателни како тоа да им го пренесеме на децата за да избегнеме ненамерно сексуализирање на телата кога тоа не треба да се прави. Кога се работи за нивните тела, идеално е да им се дозволи на децата да преземат водечка улога во она што им се чини природно кога се работи за покривање на телото и приватноста. На некои деца можеби ќе им треба тренинг околу тоа да се воздржат од трчање по улица без панталони, но повеќето деца во соодветна возраст доаѓаат до природна свест за телото и спознаваат нови желби за приватност.
Што се однесува до вашите деца, звучи како ниту еден од вашите близнаци да не ја стигнал точката на непријатност. За ваш душевен мир, не постои стручен консензус за возрасната граница која постои кога е ова во прашање. Но, размислете за следните чекори кои се важни во воспитувањето.

Разговарајте за пубертетот
Концептот на половите разлики заслужено доби многу научни расправи и важно е да се раздвојат општествено конструирани идеи за полот од вистинските родови разлики. Меѓутоа, биолошки, пубертетот кај момчињата доаѓа подоцна отколку кај девојчињата. Па така, вашата ќерка ќе мора да биде онаа што ќе одреди што ќе прави. Веројатно пред брат ѝ ќе сфати дека е чудно да се биде гол пред другите. Важно е со ќерката со разбирање и прифаќање да разговарате за пубертетот. Менувањето на телото може да создаде збунувачки чувства. Би било интересно да слушнете од ќерката какво ѝ е чувството во однос на тие промени, особено зашто нејзиниот брат сè уште не дошол до таа фаза.
Дали играњето со братот пред туширање сè уште е дел од желбата да не се чувствува различно во врска со промените на телото? Како психолог, сметам дека може да биде корисно да се разговара заедно со децата за емоционалното искуство на пубертетот и како тоа може да влијае врз однесувањето. Пристапете во разговорот од агол кој ѝ помага да дојде до сопствен заклучок. Наместо „не бидете голи еден пред друг“, разговарајте за сè – пубертетот, промените, чувствата. Важно е да се споменат и начините како да се грижиме за своето тело и како другите може да видат или кон нас да се однесуваат на здрав и нездрав начин. Секое семејство има сопствени вредности и начини на кои разговара со своите деца за телата, но сексот е секогаш дел од овој разговор. Истражувањата покажуваат дека клучен аспект при водењето на овој разговор е користење на вистинските зборови за анатомијата, а не слатки прекари или еуфемизми.
Контрола и автономија
Во поширокото родителско тежнеење со своите постапки да им помогнеме на децата да развијат позитивни односи кон своите тела, клучна компонента е да ги научите да имаат контрола над сопствените тела. Имајќи го ова на ум, не сакате да бидете личности кои сакаат да владеат со нивните тела со наредба „да не бидат голи пред братот или сестрата“. За контролата не може да се разговара без согласување и тука вашиот син треба да учествува во разговорот. Многу луѓе мислат за согласувањето како за нешто на кое треба да ги научиме своите ќерки, но еднакво важно е да се разговара за тоа и со синовите. Со своето 9-годишно дете разговарајте и научете го дека треба да се почитува кога некој некому ќе му каже да се „сопре“ себеси од каков било физички контакт (борење, скокоткање). Истото важи и за нивната претстава пред туширање. Штом некој се чувствува непријатно, би требало тоа да може да се каже и да се почитува желбата. Можете на двајцата да им дадете до знаење дека ова е семејно правило, давајќи им дозвола да кажат: „Не ми е пријатно“.
Поставувањето на овој темел за начинот на кој согласувањето функционира во вашето семејство не е само да им помага да ги пронајдат своите граници како браќа и сестри, туку ќе им послужи и во снаоѓањето во односите надвор од семејството.
Автор: Емили Едлин