„Лагалица“ е интересна емисија за најмалите на српската телевизија „Прва“ која ќе ве освои од прва.
Имено, дечињата одговараат на интересни прашања од водителот и ги даваат најдобрите и најискрените одговори.
– Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? – го прашува водителот детето.
– Ѓубреџија – одговара малиот.
– А која е работата на ѓубреџијата? – го прашува водителот.
– Да ги чисти и мие улиците.
– Одлично. А што мислиш, дали им е студено кога ги мијат улиците во зима? – го прашува водителот.
– Не, тие се облекуваат.
– Аха, значи храбри се и добро се облечени – вели водителот.
– А знаеш дека тие работат и во текот на ноќта и не спијат? – вели малото момче.
– Какви суперхерои на големите градови! – заклучува водителот.