Ако имате брат или сестра, знаете дека често меѓу вас имало натпреварување. Ако не сте запознаени со овој концепт или не ви било така во детството, тогаш мора да знаете дека тоа е исклучок. Исто така, ако имате повеќе од едно дете, тогаш знаете дека историјата се повторува. Со други зборови, ако не го знаете тоа од вашето детство, тоа може да ве шокира со вашите деца. Но, имајте на ум, ривалството и конкуренцијата помеѓу браќата и сестрите се постојано присутни и се одвиваат во сите области на врските и растењето.

Чувството за хумор е дефинитивно ценета особина во детството (и подоцна). Тоа е она што го разубавува секој семеен собир и неизбежно ве става во центарот на вниманието. И тоа е добредојден пресврт на настаните кога сте дете, нели?

Сепак, не е се во тоа да бидете општо прифатени како најдуховитата личност во семејството. Понекогаш се работи за тоа како се гледате себеси.

А најмалите деца во семејството се сигурни дека се најдуховити. Имено, 46 отсто од најмалите деца сметаат дека се најдуховити во семејството, додека кај најстарите деца овој процент е само 36 отсто. Многу од најстарите деца во семејството ќе се смеат гласно на ваквата статистика или ќе почнат да се шегуваат со тој податок. А следната информација може да ги насмее и постарите браќа и сестри: 17 проценти од најмладите во семејството веруваат дека тие се омиленото дете во семејството. Кај најстарите овој процент е само 10 проценти.

Но, кога станува збор за одговорноста, успехот, организацијата и самодовербата, најстарите деца се оние што мислат дека водат во овие квалитети. Овие податоци се извлечени од студија која била спроведена во 2015 година во Велика Британија, која ги проучувала особините на личноста и карактерите на првородените и децата кои се родени последни во семејствата.

Не е тајна дека постои посебна разлика во тоа како луѓето се однесуваат, реагираат, го живеат својот живот и сè друго, во зависност од нивниот редослед на раѓање. Инаку, во истата таа студија се појавиле и податоци за детската одговорност. Додека 54 отсто од најстарите деца мислат дека тие се најодговорните, само 31 отсто од најмалите деца мислат дека всушност тие се одговорните. И има сосема логично објаснување за оваа статистика.

Имено, родителското внимание секогаш лесно се насочува кон најмладите, па овие најмлади често се „под рефлекторите“ и имаат можност да бидат забавни, да бидат во центарот на вниманието, предупредиле авторите на студијата. Од друга страна, првородените деца треба да сносат одговорност и да научат сè сами. Освен тоа, најстарите браќа и сестри често стануваат „мали помагачи на мама“ по раѓањето на помладите и често се „принудени“ да преземат одговорност.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор



912

X