Никола Јокиќ можеби освои НБА-титула, можеби е и најкорисен играч (МВП), но шоуто го украде Огњена. Ќерката на најдобриот кошаркар на светот е родена во септември 2021 година, а веќе одреден период постојано оди на натпреварите на татко ѝ со мајка ѝ Наталија.

Ја видовме со јакна на која имаше број 15 над кој пишуваше „тата“, имаше и сјајни детали на патиките, а ѝ направиле и мал дрес од Денвер. Сега дојде и до НБА и МВП-трофеите.

НБА-лигата објави снимка на која Јокиќ заедно со сопругата и ќерката позира покрај трофеите, а шоуто го украде малата Огњена, која во еден момент сфати дека може да ги користи трофеите како тапани, а татко ѝ беше воодушевен. Погледнете:

Извор



912

X