Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка има 10 години и има проблем со главоболки, еднаш месечно или на неколку месеци. Кога ја боли главата, се жали на вртоглавица, а потоа се случува да поврати. Следниот ден е како нова. Нема синуси, ја носев на очно бидејќи носи очила, но не е до очите и крвната слика ѝ е супер. Матичниот ни рече дека е преоден период, дека е многу чувствителна. Дали следно да ѝ направам ЕЕГ на главата и да ја носам на невролог?

ОДГОВОР: Не образложивте од кога се појавил таквиот симптом кај детето, колку време траел и дали се јавува преосетливост на одредени звуци или светлина. Ваквата состојба најнапред треба да ја проследите со невролог, кој најверојатно би ве упатил на ЕЕГ и други испитувања.


На тој начин ќе ја утврдите природата на болката во однос на тоа дали е невралгична или пак има метаболички карактер, каде што причините се дехидрација, диети, недостиг на некои витамини итн. Доколку го исклучите органицитетот во ваквата состојба, советувајте се со психолог за деца кој би работел на психолошката природа која исто така во моментов не се исклучува.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X