Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!
ПРАШАЊЕ: Имам ќерка од 10 години која добива грчеви ноќно време веќе четврти пат во рок од 7 месеци. Ја снимивме на ЕЕГ, сѐ е во ред, ја снимавме главата, направивме детална крвна анализа и сѐ во ред. Не знам што се случува, а по грчевите и таа многу се нервира поради тоа. Дали се работи за пубертет или некоја нејзина потиштеност, нервоза што ние не ја знаеме?
ОДГОВОР: Сосема ја разбирам вашата загриженост. Конвулзиите претставуваат неволна контракција на мускулите поради абнормална активност на одредени клетки во мозокот. За нивно испитување потребен е конзилијарен пристап од детски психијатар, невролог, психолог и дефектолог.
Не споделивте за каков тип конвулзии станува збор, фебрилни, невролошки или како последица на незрелост на некои нервни клетки. Доколку е исклучен каков било органицитет, тимот кој го прегледал девојчето сигурно ви дал препораки дали е потребна психолошка поддршка и советување, како и психотераписки пристап или, пак, се потребни низа биохемиски испитувања со цел откривање дефицит на аминокиселини кои претставуваат невротрансмитери и недостиг на одредени витамини и минерали.
Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com
Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.
Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.
912