Кога некој ќе каже Кејт Винслет, речиси сигурно помислувате на филмот „Титаник“. Оваа 49-годишна актерка се прослави со улогата во веројатно најпопуларниот филм на сите времиња, а денес е и сопруга и мајка на две возрасни деца.
Додека гостуваше во една емисија, Кејт сподели вредни совети за начините на кои треба да ги пофалиме нашите деца, особено девојчињата.
– Кога им даваме комплименти на нашите деца, особено на девојчињата, и ако некоја мајка ме слуша сега, ве молам запомнете што ќе кажам. Постојат толку многу негативности со кои ќе се соочат девојките во текот на нивниот живот и ќе ги слушнат од светот околу нив, едноставно затоа што светот е таков, а потоа и затоа што, за жал, многу од нив се од многу рана возраст на социјалните мрежи, каде што се изложени на високо ниво на негативност. И ако не им кажеме колку се прекрасни и убави и колку сме горди на тоа што се, голема е можноста да не го слушнат тоа од никој друг. Затоа мораме да им кажеме – вели Винслет.
Таа објаснува како треба да звучат овие комплименти и дека едноставно „изгледаш прекрасно“ нема да помогне.
– Можете да му кажете на детето: „Те сакам и супер си“, но знаете што друго можете да направите? Наместо тоа, можете да кажете: – Знаеш што сакам кај тебе? Начинот на кој гледаш на светот. И начинот на кој го градиш својот стил, со толку многу вкус и гордост! Навистина ти се восхитувам поради тоа.“ Ваквите зборови ќе влијаат врз една тинејџерка многу посилно од едноставното: „Убава си денес“, што ќе влезе од едното, а ќе излезе од другото бидејќи тоа е нешто што дефинитивно очекува да го слушне од нас, а сигурно го слушнала многу пати. Затоа, кажете ѝ: „Боже, колку силно и енергично изгледаш! Никогаш не губи ја гордоста со која чекориш по светот. Неверојатна си.“ Тоа треба да го слушнат од вас – вели Кејт.
912