Игротека

Кејт Мидлтон им дава практични божиќни подароци на своите деца

Кејт Мидлтон претпочита практични божиќни подароци за своите деца поради загриженоста дека принцот Џорџ и принцезата Шарлот поминуваат премногу време пред екран, тврди кралски експерт.

Војводата и војвотката внимателно размислуваат за тоа што да им купат како божиќен подарок на своите деца и нема да им купуваат ништо екстравагантно.

Како што објаснуваат кралските експерти, Џорџ има „ајпад“ на училиште и ужива во него, па тој и Шарлот се прилично вешти со технологијата, како и повеќето деца, и голема е веројатноста за Божиќ да сакаат ваков уред. Но, нивната мајка е одлучна да им купи некој попрактичен подарок што може да се користи на отворено или што ќе трае долго време.

Претходно беше откриено дека Кејт е многу строга кога станува збор за време поминато пред екран и не им дозволува на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис да имаат сопствени уреди.

Војвотката сака да ја поттикне креативноста кај нејзините деца и рече дека не им е дозволено да поседуваат мобилни телефони или таблети.

Кејт верува дека поминувањето време на отворено игра клучна улога во идното здравје и среќа на децата, градејќи темели кои траат во текот на целиот живот – и сака да најде начин да го поттикне тоа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top