Секоја мајка знае дека понекогаш хуморот е најдобриот излез од предизвиците на секојдневниот живот. Кога си постојано со мало дете, иако бескрајно го сакаш, едноставно ти треба малку пауза… Тогаш често стапува во сила хуморот, тој малку жесток хумор што само мајките можат да го разберат. Актерката Кејли Куоко гостуваше во „Вечерното шоу на Џими Фалон“. Таму, меѓу другото, зборувала и за мајчинството, како и за ќерката Матилда, која има 19 месеци. Оваа актерка, која е најпозната по улогата на Пени во хумористичната серија „Бубалици“, во приватниот живот е склона кон хумор на своја сметка како ликот Пени, па насмеа многумина кога искрено проговори за својата ќерка.
-Тоа е сосема лудо. Пред некој ден се обидував да му објаснам на терапевт за парови зошто сум толку уморна – започнала Куоко и ја искористила можноста да ѝ се обрати на публиката и да каже дека секој може да користи терапија за парови.
-Јас ѝ објаснив дека да се грижиш за 19-месечно дете е исто како да се грижиш за својата пијана пријателка секој ден. Цел ден, буквално цел ден – рекла Куоко и насмеала многумина.
Особено во оние моменти кога треба да одат на спиење и се исцрпени, а не се предаваат. Баш како пијани – знаете дека сами си се виновни, но вие ги сакате и внимавате да бидат добро. Како што убаво и сликовито тоа го опишала Куоко:
-Плачат кога не го добиваат тоа што го сакаат, а вие внимавате да стигнат до тоалетот или чистите откако повратиле. Тие целосно полудуваат, а ти го поминуваш цел ден внимавајќи да не умрат.
Куоко ја разработува целата приказна, и секој сегмент има смисла и буквално се прашувате како сето тоа не ви изгледало така порано. Таа продолжила:
-А потоа се онесвестуваат и ти се спремен да умреш, а тие се будат и ти велат: „Што има за појадок?“, и се прашуваш што се случува. А потоа јас прашувам: „Дали воопшто знаеш што се случи синоќа?“ – раскажала Куоко, додавајќи дека тоа е „лудо и се случува секој ден“.
Кејли Куоко и нејзиниот свршеник Том Пелфри се многу искрени за родителството и за сè што доаѓа со него. Неодамна таа на својот инстаграм-профил го напишала ова:
-Конечно разбирам зошто родителите секогаш негодуваат за своите деца и за летното сметање на времето. Сега знам. Јас разбирам. Ве гледам. Зошто светот ни го прави ова?
Автор: Наташа Крстичевиќ
912