Здравје

Ќе се разгледува можноста татковците да имаат право на платено отсуство од работа заедно со мајките

Министерството за труд и социјална политика ќе ја разгледува можноста за воведување право на татковците одреден период да имаат платено отсуство од работа кога ќе им се роди дете, заедно со мајките. Ова е прашање што ќе се земе предвид при подготовката на новиот закон за работни односи, а планот е новиот закон да се донесе до крајот на 2018 година, велат оттаму.

– Притоа ќе се земат предвид меѓународните искуства, конвенциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и директивите на Европската Унија – велат од Министерството.

Сега татковците немаат право да користат платено отсуство заедно со мајките. Таткото може да го продолжи боледувањето на мајката ако таа се врати на работа, само доколку во моментот на породувањето ги исполнувал условите, односно имал шест месеци непрекинат стаж. Во текот на породилното боледување се земаат 100 проценти од просекот на платата во изминатата година.

Прочитајте: Виктор Николовски, татко на породилно: Не знаете што пропуштате, тоа е незаборавно искуство

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top