Пресреќни сме што на Максим ќе му се исполни желбата. Не очекувавме дека олку брзо ќе се случи. Ги покануваме сите да ни се придружат в четврток во Детскиот креативен центар во Скопје, вели Соња Цветановска, мајка на 9-годишниот мајстор со пластелин од Скопје.

Неколку дена пред Нова година на Деца.мк ја објавивме приказната за ова талентирано дете кое учи во Основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров. Од Детскиот креативен центар (ДКЦ) ја исконтактираа нашата редакција со желба да му организираат изложба на Максим, а ќе биде во рамките на одбележувањето на 7. Роденден на уметноста што го организира Младинскиот културен центар. Освен изложбата, Максим заедно со Доротеј Нешовски, дел од тимот на ДКЦ, ќе одржи и работилница во која на децата ќе им покаже како се изработуваат автентични фигури од пластелин.

 

– Ја видовме вашата објава и по предлогот на директорот на МКЦ, Русе Арсов, одлучивме да му организираме изложба на Максим токму во рамките на Роденденот на уметноста. Продолжете со добрата работа, да промовирате деца-таленти – вели Нешовски, кој е одговорен за ликовните работилници во ДКЦ.



912

X