Не е тајна дека не треба да се расправаме, а камоли да се расправаме пред децата. Знаеме дека тоа им влијае на многу нивоа, но сега знаеме и дека влијае врз тоа како децата ги доживуваат туѓите чувства.

Слободно можеме да кажеме дека не ни треба никаква студија за да заклучиме дека не е добро, ниту мудро, ниту препорачливо да се расправаме пред децата. Се разбира, не е секогаш можно да се избегне тоа и не можеме да очекуваме дека сè, апсолутно сè, ќе тече без проблеми и дека никогаш нема да дојде до ситуација во која нема да се согласуваме со партнерот. Меѓутоа, ако тоа се случува често, децата почнуваат да ги доживуваат емоциите поинаку, а нивното препознавање на туѓите емоции е на сосема поинакво ниво отколку кај децата што не сведочеле на расправии и кавги.

Ова беше објавено во списанието „Журнал оф фемили сајколоџи“, откако беше спроведена студија на која истражувачите проучувале деца чии семејства се карактеризираат како високо конфликтни и семејства што се ниско конфликти, врз основа на одговорите на нивните мајки во прашалникот. Научниците потоа ја проучувале мозочната активност на децата додека гледале фотографии на возрасни со различни изрази на лицето – лути, среќни и неутрални.

Децата од семејства со големи конфликти покажале поголема мозочна активност кога виделе фотографии од лути луѓе. Тие ги проучувале и ги снимиле овие активности врз основа на ЕЕГ тестирање наречено P-3, кое ја проучува способноста на мозокот да се фокусира и да интерпретира стимули.

Иако на децата им била дадена задача да идентификуваат луѓе на фотографија со лут израз на лицето, мозочната активност кај децата од семејства со висок конфликт била посилна и поинаква кога гледале фотографии на луѓе со среќен израз на лицето. Иако ова на почетокот изгледа како нешто позитивно, бидејќи децата подобро ги познаваат емоциите, не е баш така.

Овие резултати укажуваат на фактот дека децата што се навикнати на кавги и тепачки всушност сосема поинаку ги перципираат емоциите меѓу луѓето затоа што го тренирале својот мозок да биде внимателен. Потребна им е оваа претпазливост за да знаат кога ќе започне расправијата и кога сè е „безбедно“, поради што поинаку ги обработуваат емоциите на среќа и на гнев.

Да повториме: секако дека не можете да ја избегнете секоја расправија, но треба да вложите малку напор за да ги избегнете непотребните расправии. И, да, навистина има непотребни расправии и навистина е можно да се избегнат. Ако се случат расправии пред вашите деца, разговарајте со нив и обидете се да објасните што се случило и објаснете им дека тие не се виновни и дека не се во опасност. Бидејќи токму поради идејата дека се во опасност, нивниот мозок работи поинаку. Не го сакате тоа, нели?

Извор



912

X