Без разлика дали сте штотуку венчани или веќе се приближувате кон 20-годишнината од бракот, секогаш има нешто што може да се предвиди, а тоа се вообичаените кавги меѓу партнерите. „Некои расправии се неопходни во една врска. Ако никогаш не разјасните дека не се согласувате за некои работи, тогаш лутината ја потиснувате и тоа резултира со несоодветни однесување, што може да ја ослаби вашата врска – истакнува Џејн Грир, семеен и брачен терапевт од Њујорк.
Повеќето од расправиите не се со врескање, но кој и да е конфликтот, и двајцата партнери треба да ги вокализираат своите грижи, да ги изразат мислењата и да можат да смислат разумен план кој ќе доведе до компромис и решавање на проблемите. „Треба навистина да соработувате како партнери“, вели Сузан Хајтлер, советник за брак и врски од Денвер. Ова се 6-те вообичаени кавги што ги имаат дури и најсреќните двојки:
Кавга за трошење пари
„Дури и најсреќните парови запаѓаат во расправија околу тоа како ќе ги трошат тешко заработените пари. Овој проблем често е подлабок од самиот факт дали нешто може да се дозволи или не. Често се работи за кавга поради различниот систем на вредности“, објаснува Хајтлер. Следниот пат кога вашиот партнер сака да купи нешто, а вие не се согласувате со тоа, и обратно, видете дали би требало од нешто да се откажете за партнерот да може да го купи посакуваниот производ. Ако одговорот е ДА, испланирајте буџет за да видите што е изводливо. Ако можете да си го дозволите тоа купување, но вие или вашиот партнер и понатаму се спротивставувате, време е за подлабок разговор. Можеби еден од вас мисли дека купувањето одредени производи е непотребно фрлање пари. Со разговор за тоа можете да добиете некоја перспектива и да смислите како понатаму.
Кавга за секс
„Партнерите што немаат секс се ранливи и кога постои асиметрија во нивните желби, тоа е голем проблем“, вели Хајтлер. Со игнорирање, проблемот нема да исчезне. Морате да седнете и да се согласите околу тоа колку често ќе водите љубов. Се разбира, водењето љубов не е математика и не можете да одредите точен број, но можете да поработите на тоа, да биде почесто. Игнорирањето на овој проблем може да доведе до тоа еден од партнерите да започне прељубничка врска.
Кавга за лутината
„Ако едно возрасно лице во семејството во кое вообичаен образец на однесување е да се искаже лутината, а потоа да се заборави, а другото лице било од семејство каде што повисоките тонови на гласот се избегнувале по секоја цена, во таа врска тензиите ќе бидат неизбежни“, објаснува Хајтлер и ги советува паровите да разговараат за тоа кога и двајцата се смирени, да се обидат да сфатат зошто се толку лути и да пронајдат начин како да ги изразат тие чувства без голема експлозија. Лутината е знак дека морате да застанете и ако ја почувствувате, да направите пауза – вели Хајтлер.
Кавга за улогата на родителите во вашиот заеднички живот
Дали вашиот партнер го полудува кога вашата мајка се јавува во текот на ручекот секоја недела? Дали ве вади од такт кога неговите родители еден ден претходно се јавуваат да кажат дека утредента ќе дојдат во посета – и дека планираат да останат 3 недели? Време е да поставите некои граници. Можеби немате исти сфаќања за тоа што е во ред, а што не, но морате да разговарате за тоа и да ги почитувате ставовите на партнерот. „Клучот е во тоа никогаш да не се критикувате еден со друг, како ниту семејството на партнерот“, вели Хајтлер.

Кавга за ситуацијата ако еден од вас ја изгуби работата
Не е изненадување во денешниот хаотичен свет ако некој од вас одненадеж ја изгуби својата работа. Ако тоа се случи, мора да разговарате со партнерот за вашите очекувања. „Мора да се уверите дека сте на иста страна за да нема големи недоразбирања кои може да создадат голем конфликт подоцна“, објаснува Хајтлер. Можеби мислите дека е важно вашиот партнер да ја прифати следната можност што ќе се појави, додека на партнерот може да му треба пауза од 6 месеци, на пример, за да почека за вистинската понуда. Откако ќе знаете кој што мисли, можете да работите заедно на изнаоѓање компромис кој нема да значи немање пари и депресија.
Кавга за домашните обврски
Еден од разговорите што секој пар мора да ги направи е како да се поделат домашните обврски, на пример, ставање облека во машина за перење, миење садови и шетање на кучето. „Кај мене доаѓа партнери кои ужасно се расправаа поради валканите садови. Тој постојано велел дека ќе ги измие, а садовите само се ределе во мијалникот. Неговата сопруга се нервирала поради тоа“, вели Хајтлер. Разговарајте за тоа кој ќе извршува одредени домашни обврски и држете се до распоредот за да ги сочувате среќата и мирот во домот.
Автор: Хали Левин