Во југоисточниот регион се подготвува кастинг за македонскиот филм “ЗМИЈА” од режисерот Андреј И. Волкашин.
Андреј неоадмна имаше премиера на краткометражниот филм Коливо. Приказната е за мајка и ќерка која имаат иста тајна, а никако неможат да ја споделат една со друга. Главните улоги ги толкуваат легендарните македонски актерски Лабина Митевска и Јоана Поповска.
Аудицијатаза филмот Змија е отворена за СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ деца на возраст од 7 до 10 години.
Во СТРУМИЦА на 27 Август во Дом на Културата Антон Панов, од 9:00 до 18:00 часот.
Во ГЕВГЕЛИЈА на 28 Август во Дом на Културата Македонија, од 9:30 до 16 часот.
Во среда (29.08) во просториите на ОУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран во 09 часот во училиштето.