Здравје

Кашичка за јак имунитет на бебињата

Боровинките и капините се познати по нивните здравствени придобивки бидејќи се полни со витамин Ц и многу антиоксиданси. Во комбинација со просо, кое е полно со влакна, и со сливи, ќе имате вкусен, хранлив и здрав оброк за вашето бебе. Идеално е да ја давате оваа вкусна каша за појадок.

Каша со просо (за бебиња од шест месеци)

Состојки:

-60 г варено просо

-30 г боровинки

-30 г капини

30 г сливи


Подготовка:

Просото сварете го и процедете го. Боровинките, капините и сливите добро измијте ги, па прелијте ги со врела вода. На овој начин ќе ја намалите микробиолошката опасност, а воедно ќе ја задржите хранливоста на храната. Овошјето испасирајте го во блендер и додајте го просото.

Пријатен апетит!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top