Воспитување

Карактеристики на децата родени во хороскопскиот знак лав

Ако вашето малечко е родено помеѓу 23 јули и 22 август, тогаш вие сте среќна мајка на мал лав. Затоа, во продолжение прочитајте кои карактеристики најдобро го опишуваат и што можете да очекувате кога ќе порасне…

Тие се нежни и полни со љубов

Сонцето е заштитен знак на луѓето родени во знакот лав, а некои од најчестите карактеристики на децата родени во споменатиот знак се: нежни луѓе, грижливи, полни со топлина, радост и љубов. Затоа, овие малечки копнеат по дружење и гушкање, а исто така сакаат да бидат пофалени, охрабрени и сакаат да добиваат аплауз или посебно внимание по „добро завршената“ работа или добро однесување од нивна страна.

Малите лавови сакаат да бидат во центарот на вниманието

Исто како што Сонцето е центар на универзумот, и децата родени во знакот лав сакаат да бидат во центарот на настаните. Тие копнеат по внимание и брзо ќе најдат начин да го добијат. Тие се гласни кога бараат некој, особено нивната мајка, да поминува време со нив и веројатно ќе го искористат нивниот шарм за да го добијат она што го сакаат. Постарите деца понекогаш имаат тенденција да се фалат или да ги покажат своите способности пред другите. Ако мислите дека понекогаш претеруваат, секогаш е подобро да зборувате за тоа дома отколку јавно да го решите бидејќи тоа би можело да ги повреди нивните чувства.

Обожаваат да се смеат

Децата родени во знакот лав се секогаш весели, разиграни и подготвени за забава и смеа. Тие имаат многу енергија и можеби ќе ви треба малку повеќе енергија за да бидете во чекор со нив отколку со децата родени во друг хороскопски знак. Малите лавови никогаш не се уморни и не сакаат да пропуштат забава, па постојано ја бараат, а ако ја нема, сами ја создаваат. Малку танцување, драма, гимнастика, трчање или пеење секогаш помагаат да се разбие монотонијата.

Сакаат да бидат лидери на општеството

Енергични и полни со идеи, децата родени во знакот лав често стануваат лидери во своето мало друштво. Сепак, нивната доминација често може да се сфати како дрскост, па затоа пред да излезете да си играте, поттикнете го вашето малечко да ги сподели и играчките и лидерската позиција со другите деца за да не тагуваат другите малечки. Понатаму, штом малку ќе порасне, поттикнете го вашето дете да учествува во тимски спортови каде што може да развие чувство на одговорност, но и на заедница.

Тие се силни и не се плашат речиси од ништо

Како бестрашниот лав кој го симболизира нивниот знак, така и овие малечки се ментално и физички силни и немаат многу стравови. Тие се смели и сакаат авантури, но често знаат да бидат невнимателни. Затоа, грижете се за вашето малечко и неговата безбедност.

Тие се многу креативни

Децата родени во знакот лав се многу креативни и уживаат во различни работи што прават врева и дизајнираат сопствена облека или уметнички дела. Бидете подготвени за тоа така што ќе му дозволите да учи или да оди на разни работилници, охрабрете го кога купува нова облека да избере нешто за себе или вклучете го во редизајнирање на неговата соба или домаќинство кога доволно ќе порасне.

Романтични се

Вашето малечко веројатно на првиот ден од градинка или училиште ќе најде некој посебен што ќе му се допадне и ќе го сака. Лавовите имаат многу љубов во себе и се подготвени да ја споделат со другите, тие се одлични негуватели и одлични сопственици на домашни миленици. Лавот со задоволство ќе ја покаже својата наклонетост, па ако сте во можност или ако веќе имате домашно милениче, подгответе го за многу, многу галење.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top