Ако Дедо Мраз ви донесе бебе овој декември, сметајте го вашето мало елфче за среќно дете. Овој месец е, всушност, најреткото време за родендени (со 24 и 25 декември како најретките датуми на родени деца од сите), така што декемвриските бебиња се посебни уште од самото раѓање.
Се прашувате што е посебно во врска со декемвриските бебиња? Еве неколку причини:
Лесни утра и рано одење на спиење
Студија на италијански и шпански студенти покажала дека оние дечиња родени во декември имаат значително поголема веројатност да бидат утрински луѓе, за разлика од оние родени во лето. Други студии покажале дека децата родени во овој период од годината имаат тенденција да заспиваат порано.
Декемвриските бебиња можеби се најмалите во одделението
Многу родители кои очекуваат бебиња во декември се грижат за тоа дека нивното дете ќе биде најмладото во неговата генерација и група во градинка, како и училиште, но тоа всушност може да биде добра работа. Истражувањата покажуваат дека има академски придобивки од тоа да се биде најмлад во генерацијата. Тешко е да се биде најмал во градинка, но додека се пријавуваат за факултет, најмалите деца всушност ги надминуваат постарите.
Декемвриското бебе е стрелец или јарец во хороскоп
Ако верувате во астрологијата, дали ќе го добиете вашето бебе пред или по 21-ви, ќе направи разлика (и не само кога станува збор за планирање роденденски забави толку блиску до празниците). Родените од 1 до 21 декември спаѓаат во знакот стрелец и се вели дека се екстроверти кои сакаат патувања. Од 22 до 31 декември сте припадник на хороскопскиот знак јарец, кој се карактеризира како решителен и корисен.

Вообичаените поплаки за родендените во декември ја вклучуваат близината на празничната сезона. Никој (особено не дете) не сака да чувствува дека роденденот му е засенет од празниците, но кога семејствата го слават специјалниот ден на декемвриското бебе, нивните насмевки можат да ги надминат и најсветлите божиќни светла.
Автор: Хедер Маркокс