Воспитување

Камерон Дијаз го сменила погледот кон стареењето откако станала мајка

Иако е на врвот на листата со најпопуларни актерки, Камерон Дијаз направи пауза од актерството во последните години за да се фокусира на своето семејство. На 47-годишна возраст стана мајка, а сега на 50-годишна возраст зборува за тоа колку тоа искуство влијаело врз нејзините размислувања за убавината и стареењето.

Како некој што го поминал поголемиот дел од својот возрасен живот во Холивуд, било речиси невозможно таа да не биде под влијание на стандардите за убавина и критики на сметка на нејзиниот изглед.

„Тешко е да не се погледнеш во огледало и да не судиш. Тоа е отровно“, рекла таа додека гостувала на поткастот на Мишел Висаж. Нејзиното повлекување од работата влијаело врз нејзините токсични мисли и ниската самодоверба. Таа вели дека не размислувала за тоа како изгледа овие денови.

„Само се прашувате зошто сте толку злобни кон себеси. Моето тело е силно, моето тело е способно. Зошто би се гледала со презир? Зошто воопшто би го помислила тоа кога телото ме однесе толку далеку“, додала таа.

Иако не сака нејзината ќерка да се чувствува како да има стара мајка, таа е свесна дека е постара од другите мајки на двегодишни деца. Но, смета дека од годините не треба да се плашиме.

„Жените што имаат деца врсници со моето дете се 20 години помлади. Но, сакам да му бидам важна на моето дете, да трчам по него и да правам забавни работи. Затоа сум фокусирана на мојата енергија“, вели таа.

Во неодамнешно интервју за „Јаху“, Дијаз потврди дека нејзината нова животна улога ѝ го променила погледот кон светот.

„Сега правам нешто што најмногу ме исполнува во животот“, рекла таа.

Во декември 2019 година познатата актерка и нејзиниот сопруг Бенџи Маден станаа родители. Нејзината приказна би можела да ги премисли луѓето што се двоумат за бременост по 40-тата година од животот.

Дијаз им дава надеж на жените кои се откажале од обидот да имаат дете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top