Воспитување

Каква мајка, таква ќерка – кога почнува да важи ова правило

И покрај сите ваши напори, сите тинејџерски (бунтовнички) испади, мораме да ви кажеме една многу важна работа – веројатно наскоро ќе почнете да личите на својата мајка. Да, дури и вие. Науката така тврди.

Во новата студија на доктор Јулијан де Силва од Велика Британија се тврди дека сите ги примаме контурите на своите родители, а тоа може да се случи значително порано отколку што мислиме. Истражувањето на докторот опфатило повеќе од 2 илјади луѓе во периодот кога почнале да се чувствуваат, но и да се однесуваат (сè повеќе) како своите родители – од тоа што почнале да ги следат истите медиуми до тоа дека им се допаѓаат истите работи, па дури и користат исти фрази на кои во младите години превртувале со очите. Дознал дека малку повеќе од половина испитаници (52 отсто) почнале да се однесуваат како своите мајки во периодот помеѓу 30 и 33 години, додека 26 отсто го започнале тој тренд во периодот од 35 до 40 години, а преостанатите 10 отсто некако успеале да истуркаат до 40-50.

А зошто тој премин главно почнува во 30-тите?

Де Силва верува дека тоа има голема врска со родителството: кога ќе почнеш да одгледуваш своите деца, твоето однесување се базира на начинот на кој и самиот си воспитуван. Веројатно не е случајност што во просек во 30-тите години стануваме како своите мајки – тамам тогаш кога почнуваме да им викаме на домашните да ги избришат чевлите пред да влезат дома со објаснувањето: „Бидејќи јас така реков.“ Почнуваме, на пример, малку да се дебелееме, да добиваме и понекоја брчка и одеднаш самите ја гледаме сличноста. Па потоа веројатно и ни паѓа на ум да носиме гардероба каква што носела таа.

„Тоа е дел од неизбежниот процес на стареење, кој многу луѓе сакаат да го одложат што подолго“, објаснил доктор Де Силва.

Доколку ви е потребна утеха, а веројатно ви е, науката исто така потврдува дека мажите поинтензивно почнуваат да личат на татковците во 30-тите, односно приближно во 34. година. Тоа е, всушност, периодот кога и самите стануваат татковци. И не грижете се: ова не е откритие кое може да каже дека ќе станете баш како вашиот родител, без разлика на сè. Тоа е едноставно студија која вели дека можеби ќе забележите оти вашата појава или однесување почнуваат да ги рефлектираат нивните и тоа тогаш кога ќе почнете да засновате свое семејство. Вие и понатаму сте вие, а можеби и гардероба каква што носеле вашите родители баш убаво ќе ви стои. Само кажуваме.

Автор: Сара Асвел

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top