Воспитување

Каков е Новак Ѓоковиќ како сопруг и татко

Најдобриот светски тенисер и освојувач на рекордни 23 гренд слем титули, Новак Ѓоковиќ, секогаш покажува неверојатни способности на теренот, но според објавите на неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, тој има и разни „таленти“, кога се работи за домашните обврски, семејните обврски, улогата на сопруг и татко.

Јелена во едно интервју открила каков е Новак како татко:

„Поминав низ одреден степен на едукација и она што го бара родителството од мајката и таткото, и имам голема среќа што Новак е таков партнер. Добиваме многу љубов, а кога е со нас, тој е посветен, сè е многу полесно кога семејството живее во заедница и љубов. Изненадена сум колку добро тој се приспособи, со оглед на тоа колку е голем професионалец, кој е посветен на кариерата. И бев многу изненадена од тоа колку успешно премина во фаза на менување пелени и проодување на децата. Тој е многу близок со нашата ќерка и мислам дека таа врска помеѓу татко и ќерка е видлива во нашиот дом. Стефан и јас имаме посебен однос, но тие двајца имаат посебна врска во вистинска смисла на зборот. Многу сум среќна што тој е мој животен сопатник и што е родител заедно со мене. Се трудиме да се синхронизираме и да бидеме тим пред децата“, изјавила за „РТС“ сопругата на Ѓоковиќ и директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.

Јелена пред неколку години на „Инстаграм“ објави видео од Новак како ги мие садовите и напишала: „Вака медитира Новак по мечот на УС опен. Мојот МВП во кујната“. Во видеото Новак се пошегувал дека работи прекувремено, но и дека миењето садови може да биде форма на терапија за смирување.

Видеото, кое исто така насмеа и воодушеви многумина, е она кога Новак сакал повторно да се обиде и со хобито на Јелена – плетењето. „Врне, ништо од тренингот… а што правиме? Плетеме волна. Ти оди добро со рачните занаети, љубов“, напишала Јелена.

Извор

Поврзани написи

To top