Познатиот рапер Еминем ќе стане дедо. Неговата ќерка Хејли Џејд го очекува своето прво дете со сопругот Еван Меклинток. Психологот Ирина Корзаева вели дека внуците навистина ги менуваат луѓето. Имено, кога стануваме баба и дедо, новороденчето го доживуваме поинаку отколку што сме гледале на сопственото дете.
-Кога стануваме родители, ние сме во години на формирање. Имаме кариера, љубовна врска, жив социјален живот. Се случуваат секакви работи, што значи дека фокусот не е само на детето. Но, како баба и дедо, човек веќе поминал многу и се освестил – објаснила Корзаева.
Таа додала дека бабите и дедовците добиваат шанса да се отворат на нов начин. Нивното внатрешно дете оживува и им овозможува да се потопат во забавата со нивните внуци.
На почетокот од октомври Еминем објави спот за песната „Привремено“ во кој открива дека наскоро ќе стане дедо. Во потресното видео, направено од архивска снимка, се гледа растењето на Хејли Џејд. Има и момент кога таа му кажува на својот татко дека е бремена. Таа му дава маица со натпис „Дедо број 1“ и му покажува фотографија од ултразвукот.
912