Еден од најмоќните британски парови што ја започнаа својата врска во далечната 1997 година, Викторија и Дејвид Бекам, своето прво заедничко дете, синот Бруклин, го доби на 4 март 1999 година. Успешната дизајнерка роди момче во болницата Портланд во Лондон, а среќната пригода донекаде ја расипаа критиките за одлуката да се породи со царски рез.
Викторија, која тогаш го доби прекарот Пош Спајс, односно „отмена“, се соочи со потсмев од мајките кои ја нарекоа „премногу отмена за да турка“, затоа што не се одлучила за природно породување. Нејзиниот пример подоцна го следеле многу жени кои решиле да платат за царски рез. Оваа практика е вообичаена и денес, иако лекарите предупредуваат на големи ризици за мајката и бебето.

Но, во новата документарна серија на „Нетфликс“, која се занимава со животот на Дејвид Бекам, модната дизајнерка се присетува на тој период од нејзиниот живот и објаснува:
„Не бев премногу отмена за да не се породам природно, туку лекарите рекоа дека не е безбедно да се породам така“.
Таа ги роди и синовите Ромео и Круз и ќерката Харпер со царски рез.