Здравје

Како трудниците полесно да го поминат летото?

Бременоста во текот на летото може и на највеселата жена да ѝ го расипе расположението. Еве некои брзи и лесни решенија со кои полесно и поудобно ќе ги поминете жешките летни денови.

Не заборавајте ја памучната облека

Облека која е создадена од природни влакна му овозможува на телото полесно да дише и да не се затоплува. Исто така, облеката во светли бои апсорбира помалку сончева светлина за разлика од онаа во потемни бои.

Секогаш носете шапка

Секогаш кога ќе излезете надвор, не заборавајте да понесете шапка за да се заштитите од штетните зраци. Освен што на овој начин ги штитите вашите очи од сонцето, квалитетната шапка воедно ги заштитува и вашата глава и коса од загревање.

Внесувајте доволно течности

Да се биде хидриран во текот на бременоста е секогаш одлична идеја, меѓутоа, внесувањето доволно течности во вашето тело за време на високите температури е неопходност. Земете корка лимон и неколку лисја од нане и ставете ги во вашето шише за вода. Однапред подгответе си неколку шишиња со вода и ставете ги да се ладат за наредниот ден, со цел да останете хидрирани.

Одвојте време за базен

Одвојте дел од своето време за одење на базен, езеро или на море бидејќи освен што ќе го освежите вашето тело, водата може и да го намали отокот на вашите стапала и нозе. Исто така, млака бања може да биде одлична замена доколку не сте во можност да заминете на море.

Лесна марама за преку ден

Освен што може да го олади вашето тело, марамата исто така овозможува да се опуштат каротидните артерии кои ја пренесуваат крвта во вашата глава. Марамата дава чувство на разладеност и влажност, со што овозможува редуцирање на топлината во вашето тело.

Што доколку е премногу топло за спиење?

Доколку имате проблеми со спиењето, најдобро решение би било да го испрскате вашиот кревет и перницата со вода пред да си легнете. Ако во шишето за вода додадете и смирувачко есенцијално масло, на пр., лаванда, ќе се чувствувате уште посвежо и поопуштено.

Поврзани написи

To top