Децата во норвешкиот град Балстад секој ден сечат јазици на бакалари, а тие што се највешти и на кои најдобро им оди оваа хонорарна работа може да заработат дневници од неколку илјади норвешки круни.
Инаку, бакаларот е норвешки специјалитет и поради големата побарувачка, поради големиот извоз и, секако, поради добрата економска состојба на државата, стотина деца имаат можност да се вклучат во оваа работа.

Најдобар во оваа работа, т.е. најдобар според заработувачката е 16-годишниот Тргав Петерсен, кој ја раскажа својата приказна.

Огромна дневница

Неговиот татко е рибар и го научил како најбрзо и најпрецизно да му го пресече јазикот на бакаларот. Затоа не е чудно што Петерсен брзо напредувал.

„Кога почнав да ја работам оваа работа, исеков приближно 2 килограма риба во еден ден. Денес можам да одработам и до 80 килограми, а некогаш во еден ден заработувам и до 4.5000 норвешки круни“ (приближно 500 евра).
Додава дека оваа работа е многу добар начин младите да заработат пари за да можат да си дозволат нови работи, на пр., мобилен, лаптоп или облека.

„Успеав да заштедам доволно за да отпатувам во Америка. Ќе уживам во авантурата од Њујорк до Хаваи која сам си ја овозможив“, вели Петерсен.

Возрасните не може да ја добијат оваа работа

Рибарите од Балстад со години наназад им подаруваат на децата глава од бакалар за тие да го пресечат јазикот, заедно со вилицата, па им ги доставуваат на купувачите. За килограм јазик може да добијат речиси 6 евра.

Велат дека децата отсекогаш биле одговорни за работата со јазиците на бакаларите.

На возрасните едноставно не им е дозволено да дојдат овде и да работат. Тоа е наша работа, наша традиција“, вели Јохан, кој исто така заработува на овој начин.



912

X