Втората бременост е во извесна смисла полесна бидејќи веќе сè ви е познато, како и на вашето тело кое веќе еднаш ги поминало сите овие промени. Секако, секоја бременост може да биде многу различна – и физички и емотивно.

Што е исто во првата и во втората бременост?

Како што веќе споменавме, во втората бременост сте поподготвени за некои вообичаени промени. Едноставно, знаете што ве чека и како да му пристапите на сето тоа – од утринска мачнина и замор, до лажни контракции и подготовка за породување.

Доколку сте имале некои проблеми во првата бременост, како што се гестациски дијабетес, прееклампсија, хемороиди, чувствителен мочен меур, постои можност и овој пат да се повторат. Добрата вест е што сега веројатно знаете подобро да ги препознаете симптомите и да реагирате навреме.

Што е различно?

Во втората бременост некои работи најверојатно ќе бидат поинакви:

-Стомакот ќе се појави порано.
-Ќе бидете поуморни, особено затоа што се грижите и за постаро дете или деца.
-Првите движења на бебето ќе ги почувствувате порано.
-Контракциите може да бидат различни и породувањето може да биде полесно.
-Болката во карлицата и грбот може да биде поизразена.

Како да се грижите за себе?

Во првата бременост имавте повеќе време да се грижите за себе – сега имате помалку затоа што треба истовремено да се грижите и за постаро дете. Сепак, многу е важно да најдете малку време за себе, да одвоите време за одмор, барем само да легнете и да читате или слушате музика.

Не двоумете се да побарате помош од најблиските луѓе, без разлика дали се работи за домашни работи или чување деца, за да одвоите малку време за себе.

Извор



912

X