Воспитување

Кавгите пред децата одвреме-навреме се добри, тврдат експерти

Кавгите помеѓу партнерите одвреме-навреме се неизбежни, а родителите знаат колку е фрустрирачки кога во текот на кавгата ќе се појави детето и разговорот стивнува. Но, тоа не мора да биде така, велат експертите.

Од кавгите децата учат за односите и реакциите на другите луѓе

Тие велат дека кавгата пред детето е добра бидејќи од неа може и нешто да научи. Резултатите од студијата спроведена на американскиот Универзитет „Вашингтон“, во која учествувале 109 пара со деца, покажала дека децата имаат подобар однос со родителите и со самите со себе ако биле сведоци на родителските расправии.
Со други зборови, родителите не треба од децата да ги кријат гневот и лутината насочени кон партнерот. Тоа не значи дека не треба да внимаваат на зборовите што си ги упатуваат еден на друг, туку дека конструктивниот разговор може на детето да му биде подлога за учење за односите и реакциите на другите.

Кога двајцата родители се караат, под тоа се подразбира дека за некои прашања не се согласуваат, што е сосема нормално и вообичаено. Кај несогласувањето е важно и двајцата родители да се свесни дека мислењето на другиот е еднакво важно.

Не преправајте се дека сè е во ред

– Расправајќи на конструктивен начин, родителот покажува интерес да ја сослуша другата страна, не навредува и не го игнорира проблемот и заеднички наоѓаат решение. Корисно е децата да бидат сведоци на такви видови дискусија бидејќи учат како да ги решат несогласувањата и притоа ја почитуваат различноста и на крај, како по несогласувањата да продолжат со добар однос иако не се согласуваат со сè – вели психотерапевтот Лина Ѓулват.

Важно е на децата да им се објасни зошто дошло до кавга. Треба да разберат дека секој од нас е различен и дека не гледаме сите исто на ситуацијата. Важно е да му посочите на детето дека некои проблеми не можат веднаш да се решат, дека е потребно време и дека работите на решавањето на проблемот.
Не треба пред децата да се преправате дека е сè во ред бидејќи тие многу добро ја чувствуваат ситуацијата. Така само им праќате збунувачки пораки.

Поврзани написи

To top