Воспитување

Како родителот да плаќа алиментација ако е невработен, објаснува адвокатката Билјана Славковска

Алиментацијата во многу случаи преминува во горлив проблем. Од неможност за плаќање алиментација многу татковци се соочуваат со проблем да најдат итно решение, средства и секако работа која ќе им помогне во тоа. А има и случаи кога многу мајки сами ги издржуваат своите деца поради тоа што многу татковци не сакаат да си ја исполнат обврската.


На нашата адреса стигна проблем од еден невработен тетко кој побара од нас да најдеме одговор и решавање на неговиот проблем.

-Веќе 5 месеци се борам да најдам вработување во фирма каде што ќе ми биде овозможено еден викенд во месецот да бидам слободен за да одржам средба со ќерката. Почнав да работам во две фирми каде што на почетокот ми беше ветено дека ќе се потрудат, ама кога требаше, се премислија и не ми дозволија да го користам тој период. Морав да дадам отказ за да можам да ја одржам средбата. Сега поради немање средства за да платам алиментација, ми се укинати, т.е. времено прекинати средбите и зимскиот одмор од 10 на 5 дена. Знам дека обврската да плаќам алиментација важи, но се поставува прашањето од која плата да платам 25 отсто ако се земе во предвид фактот што досега иако не сум бил во работен однос, сум плаќал исто како да сум бил, но тоа биле кратки периоди, т.е. додека да најдам друга фирма. Сега се прашувам колку е 25 отсто од 0 примања!? – посочува родителот.

Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top