Дали вашето дете има тешкотии да се спријатели со други деца? Вие знаете дека треба да излезете надвор од комфорната зона, но за децата тоа може да биде премногу тешко. Како родител, можете да научите како да им помогнете на вашите срамежливи деца да создадат пријателства. Прво треба да го прашате своето дете: „Зошто е тоа толку тешко за тебе? Зошто избегнуваш да пробаш нови работи и да се приклучиш во група?“
Со поставувањето на овие прашања му давате можност на детето да идентификува зошто е во таа состојба и каде лежи проблемот. Можеби детето едноставно не знае како да се спријатели и слично. Ова се трите начини на кои ќе му помогнете:
Идентификувајте нешто ново што секој од вас може да го проба
Направете пакт со своето дете дека ќе излезете од комфорната зона и ќе се обидете со нешто ново. Работете напорно и вашето дете ќе го стори истото. Оставете го да избере активност, група или спорт каде што ќе може да се вклучи. Запознајте го со концептот „алатка за комфорна зона“ – сите знаеме какво е чувството да се излезе од таа комфорна зона, а уште покомплицирано е кога нешто ни претставува тешкотија.
Охрабрете го да излезе од комфорната зона
Оваа вежба ќе помогне во намалување на стресот, со цел детето да се посвети кон отворање на умот и започнување на процесот. Ако детето има проблеми со промени, кажете му дека на сè може да се поработи. Може да се обидете со вежба: Објаснете што значи кога е нешто „надвор од комфорна зона“. Што значи „комфорна зона“? Користете примери од вашиот секојдневен живот. Кои работи ги правите лесно на дневна основа? Кои работи ве поттикнуваат да дојдете до работ од вашата комфорна зона или надвор од неа? На пример, сте биле нервозни кога сте учеле да скијате бидејќи сте се чувствувале непријатно на почетокот. Можете да го поттикнете детето така што ќе му поставувате прашања за тоа која е неговата претстава за непријатно чувство во одредена ситуација и слично. „Се сеќаваш кога замина во новиот фудбалски тим и се чувствуваше како да сакаш да останеш со стариот?“ Објаснете му дека со цел да се развива и промени, како и сите ние, мора да се приспособи и на малку непријатност и вклучување во процесот.

Надвор од комфорната зона: На парче хартија детето нека нацрта голем круг кој ќе ја претставува неговата комфорна зона. Оставете маргина околу кругот – тоа ќе биде просторот за работите што се надвор од зоната. Побарајте од него да напише некои од работите што смета дека се надвор од неговата комфорна зона, па нека ви објасни нешто подетално околу нив.
Во комфорната зона: Нека ги стави во кругот работите што смета дека се дел од неговата комфорна зона. Тука може да биде вклучено дружењето со други деца, седење со еден пријател, работите и активностите што ги сака и во кои ужива, одењето кај баба и дедо, програмите кои му се допаѓаат по училишните часови, јадењето на омилената храна, омиленото место и слично.
Надвор или внатре? Ако детето веќе именувало специфични социјални очекувања или ситуации, прашајте го „Дали… е внатре или надвор од твојата комфорна зона?“
Моделирајте излегување од комфорната зона
Моделирањето е најдобрата алатка. Како родител, и вие исто така се трудите да се приспособите и да дојдете до некои, за вас, непознати места. Моделирањето на таквото нешто за вашето дете (дека имате волја да правите работи кои вообичаено не сте ги правеле) е најдобриот начин за да го тренирате и тоа да го стори истото.
Автор: Каролин Мекгвајер