Воспитување

Како разводот на моите родители нѐ спаси мене и сестра ми

Колку што се сеќавам, моите родители беа навистина несреќни заедно. Се сеќавам на тепачките, солзите, викањето и болката во срцето… на моменти беше неподносливо. Како што минуваа годините, тие (за среќа) почнаа да сфаќаат колку не се вклопуваат заедно. Кога јас и сестра ми имавме околу осум и девет години, мајка ми поднесе барање за развод. Тоа беше најлошото во целата ситуација. Некои родители имаат меѓусебно разбирање, ги потпишуваат документите и остануваат платонски пријатели.

Децата можат да ја видат својата мајка една недела, а таткото следната недела, и тоа е тоа. Јас и сестра ми, добро… немавме толку среќа.

Целото наше семејство се пресели од бунгалов во двокатна куќа оддалечена околу 40 минути. Беше убаво. Јас и сестра ми апсолутно ја обожававме таа куќа. Секоја од нас имаше своја соба (конечно), имавме базен и штотуку добивме кученце. Работите изгледаа како да се подобруваат… или така мислевме. Но, тогаш се чинеше дека борбите стануваа поинтензивни и имаше повеќе конфронтации и тензии од кога било дотогаш. Сакајќи да ја заштитам сестра ми од таквата стресна средина, секогаш внимавав да биде надвор од дома. Одевме во парк, ја шетав до куќата на нејзината пријателка, игравме игри. Ќе се погрижев да биде колку што е можно подалеку од сите непријатни викања.

Три години подоцна, сè уште живеејќи во нашиот дом од соништата, мајка ми ги потпиша документите за развод и работите се влошија. Иако знаев дека љубовта не треба да биде полна со врескање и солзи, никој не сака да се разбуди додека таткото плаче затоа што мајката го замолила да си замине. Ме боли срцето затоа што сѐ што можев да мислам е дека и двајцата се мои родители и требаше да бидат заедно засекогаш. Дојде непријатниот период кога татко ми одби да ја напушти куќата и реши дека повеќе би сакал тој да е оној што ќе ја избрка мајка ми. Немаше шанси мајка ми да нѐ остави таму сами со него, па реши да нѐ поведе со себе. Живеевме во хотели околу две недели додека таа не реши да се врати во куќата и да се заложи за себе. Таа сметаше дека ќе има повеќе смисла тој да замине и јас и сестра ми да бидеме во малку „постабилна средина“.

Тогаш дојде до екалација.

Татко ми одби да ја напушти куќата, а по уште малку викање и расправија, мајка ми повика полиција да го изведе надвор. Тоа беше брутално. Се сеќавам дека полицијата влезе и лично го отстрани мојот татко од неговиот дом, нашиот дом. За мене, тој беше само татко и ништо не можеше да ме спречи да го сакам толку многу и да се чувствувам толку страшно за тоа што му се случува. Ги губеше двете мали девојчиња, семејството. Неколку недели подоцна, се сеќавам на силното удирање на нашата влезна врата и викање. Можев веднаш да кажам дека тоа беше гласот на татко ми. Во тоа време не разбирав, но тој беше пијан. Неговиот живот и семејство исчезнуваа пред неговите очи и тој едноставно не знаеше како да се справи со тоа.

Се качив во мојата соба и се сеќавам дека го видов татко ми низ прозорецот, како се сопнува и мрмори во себе, а потоа малку ни викна нам. Моето срце никогаш не ме болело повеќе од тој момент. Видов три полициски автомобили како доаѓаат и го уапсија татко ми пред мене. Се обидов да ги прекријам очите на сестра ми за да не мора да види што се случува, но го виде крајот од ситуацијата. Нему му ставиле лисици и го поставиле во задниот дел на полицискиот автомобил. Подоцна дознав дека е уапсен за други обвиненија и затоа отишол во затвор… Затвор со максимална безбедност. Тоа траеше осум месеци, но можам да ви кажам дека се чувствував како да се пет години.

Тоа што воопшто не можев да го видам, па дури и да одам в затвор да го посетам, навистина ми го скрши срцето. Сакав само да го прегрнам и да му кажам дека ќе биде во ред… тој ми е татко. Моите родители ми се сѐ – тие направија и сè уште прават многу за мене и сестра ми, и секогаш ги прават работите со најдобра намера во срцето, во наш интерес. Но, причината поради која мислам дека нивниот развод „нè спаси“ е затоа што, колку и да мразам да признаам, точно знам што не сакам во врска. Знам дека ќе направам сѐ што е во моја моќ за никогаш да не дозволам моите деца да ја искусат болката што ние ја чувствувавме . Хаосот, лагите, солзите и скршеното срце од сето тоа – тоа е чувство што никому не би му го посакала. Но, мислам дека тоа е и она што е одлично во оваа ситуација – тоа беше научена лекција. Моите родители се луѓе, правеа грешки и се подобри луѓе поединечно отколку што беа заедно.

Станав личноста која сум денес поради она што го доживеав и не би го менувала тоа за ништо. Тоа е мал благослов, само зависи од која перспектива гледате.

Автор: Кристина Модика

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top