Игротека

Како влијае прегратката пред спиење врз менталното здравје на децата?

Прегратката пред спиење има значително влијание врз менталното здравје на децата, а оваa навика претставува и важен фактор во нивниот емоционален развој.

Физичкиот контакт пред легнување му помага на детето да се опушти и да го намали стресот бидејќи прегратката го активира окситоцинот, хормон кој ја намалува анксиозноста и го зголемува чувството на сигурност.

Психологот д-р Лаура Рајд објаснува дека прегратката придонесува за создавање сигурна емоционална врска меѓу родителот и детето, што е клучно за емоционалната стабилност.

Децата што се чувствуваат сакани и сигурни обично се психички поотпорни, полесно се справуваат со предизвиците и стресот и развиваат здрава емоционална рамнотежа.

Навики како прегратка пред спиење, исто така, го подобруваат квалитетот на сонот. Децата што добиваат емоционална поддршка полесно заспиваат и поретко имаат ноќни стравови, што дополнително ја зајакнува нивната ментална стабилност.

Прегратката пред спиење е едноставен, но мошне важен начин за јакнење на емоционалното здравје и психичката отпорност кај децата.

Извор

Поврзани написи

To top