Децата што одат на училиште обично носат вируси и настинки, а д-р Меган Мартин, доктор по педијатриска итна медицина и мајка на четири деца, дава совети како родителите полесно да ја преживеат оваа сезона на вируси. Сè што ви треба е кутија за полнење со потребните лекови, вреќи за повраќање, дигитален термометар, лекови за алергија, електролит во прав, бонбончиња за грло и спреј за нос.
– Сега е време да се подготвиме – вели д-р Мартин во видеото кое стана хит на „Тик-ток“, прикажувајќи кутија со лекови и материјали, вклучувајќи ацетаминофен и ибупрофен за температура и премаленост.
Дополнително, д-р Мартин смета дека најдобро е да користите дигитални термометри за мерење на температурата на најмалите, а покрај тоа, во кутијата треба да имате и нешто за кашлица, како и септолете за грло и електролити во прав наменети за децата.
– Децата треба да надополнуваат шеќер и електролити кога се болни и не јадат добро, а ова е избалансиран начин да го направат тоа – вели д-р Меган.
Таа препорачува децата да користат солени раствори за носот наместо деконгестиви. За поголемите деца, препорачува солен раствор во спреј, за помалите деца, инхалација со солен раствор, а за најмладите, употреба на солени капки за носот кои го разредуваат секретот, кој потоа треба да се извлече со аспиратор за нос.
Таа вели дека никогаш не треба да користите вода од чешма за плакнење на носот бидејќи може да содржи бактерии кои доведуваат до инфекција.
Децата од градинка и од предучилишна возраст може да имаат дури 12 настинки, респираторни инфекции или стомачни вируси годишно, па не е лоша идејата да бидете подготвени и да ја имате при рака оваа кутија препорачана од лекарката.
@beachgem10 The cold and flu aisle can be overwhelming! These are some essentials and some things you can live without #sick #doctor #pharmacy #cough #medicine ♬ original sound – Beachgem10
912