Игротека

Како од бајките: Една мајка ја трансформира секоја соба во различна дизни-тематика

Флорида можеби има „Дизниленд“, но семејството Хермансонс ја има најубавата дизни-куќа. Да, токму така – семејството толку го сака „Дизни“, што нивната куќа е претворена во различни дизни-теми.

Освен тоа, семејството ужива во секој чекор од процесот. Келси Хермансонс вели дека купува дел од дизни-декорациите, но обично создава сопствени дизајни за нивниот дом. Нејзиниот сопруг ѝ помага кога може.

Од сите соби во куќата, на Келси најмногу ѝ се допаѓа спалната дизајнирана според цртаниот филм „Пепелашка“.

– Ова е собата што неодамна ја декорирав и е една од најмагичните во нашиот дом. Најдов кревет и мебел што ги обоив во сино и изгледаат како да излегле од „Пепелашка“ – вели таа.

 


Извор

Поврзани написи

To top