Воспитување

Како може спонтаниот абортус да влијае врз врската

Да се има спонтан абортус, може да значи големи промени и во односот со партнерот. Може да ве зближи или да ве раздели. Никој не знае низ што поминувате сѐ додека не искуси на своја кожа. Вашиот партнер може да биде единствената личност со која може да се чувствувате најсигурно кога зборувате за ова. Никој не ја знае причината зошто доаѓа до спонтан абортус, причините може да се различни, но најважно е да не се обвинувате себеси и да си дозволите да тагувате. Ослободете се од сите емоции што ги имате, не држете ги во себе. Ова се 4 начини на кои спонтаниот абортус може да влијае врз врската и како да се справите со нив:

Може да се дистанцирате

Ова не е необично на почетокот. Не сте планирале да се случи тоа. Можеби ќе мислите дека е ваша вина и нема да знаете како да постапите. Многу двојки имаат такви чувства. Истражувањата покажале дека кога партнерите чувствуваат дистанца меѓу себе, тие не зборуваат за своите чувства. Ова може да предизвика чувство на „заглавеност“. Ако продолжи, може да доведе до депресија. Зборувајте за искуството и како ве погодило со партнерот, пријателите, семејството. Ако е потребно, консултирајте се и со професионалец.

Постојани кавги со партнерот

Постојано се расправате, не можете да се согласите за ништо – тоа може да значи дека не знаете да се справите со чувствата на лутина и загуба. Треба да препознаете дека сте се соочиле со загуба и да го оставите процесот на жалење да тече. Лутината е всушност фаза во процесот. Треба да прифатите дека тоа е природно и наместо да си го вадите бесот еден на друг, треба да го валидизирате чувството зошто сте лути. Кога ќе си дозволите да тагувате и ќе ги искусите сите ваши чувства, многу поздраво ќе можете да се соочите со нив. Зборувајте еден со друг.

Чувство на предавање

Се чувствувате тажни и нерасположени. Никој не може да ја предвиди иднината. Дајте си време да заздравите, физички и психички. Сте поминале низ многу нешта, па потребна ви е пауза. Ова е одлично време за да заминете некаде за викенд, да се опуштите со долга бања. Осигурете се дека ја добивате потребната медицинска помош. По некое време ставот може да ви се промени. Кога ќе се чувствувате доволно силни, ќе може да се обидете повторно. Многу двојки се соочиле со спонтан абортус, но потоа добиле здрави деца.

Партнерот сака да бидете посилни, но не сте во можност

Вие и партнерот сте различни во однос на справувањето со загубата. Можеби тој е маж кој едноставно се соочува со ударите што животот му ги задава. Зависи и како е растен. Тука уште еднаш доаѓа до значење разговорот кој мора да го завршите. Можеби мислите дека не ги валидизира вашите чувства зашто различно се справува со искуството од вас. Дајте му до знаење дека ви треба време и дека ви е потребна негова поддршка. Тагувањето е лично искуство.

Во тој период развијте подлабоко разбирање еден за друг. Разговарајте како мажите и жените различно изразуваат чувства, не може да знаете, тој можеби чувствува притисок дека треба да биде силниот бидејќи е маж. Наместо да оставите искуството да ја уништи вашата врска, поминете време во развивање подлабока врска и разбирање.

Можеби, сепак, ќе научите нешто повеќе еден за друг за време на тешкото искуство. Исто така, ќе научите дека вашиот партнер нема да ве остави кога ви е тешко.

Автор: Лијан Авила

Извор

Поврзани написи

To top