Ја започнав мојата фриленсерска кариера на возраст од 24 години. Беше помала аспирација отколку очаен потег да се држам настрана од канцеларија, со поминати само две години по завршувањето на колеџот, а веќе сфатив дека немам сила да го издржам сето тоа. Озборувањето, несоодветните шеги, баналната дневна монотонија – ова изгледаше како сцена многу далечна од професионалниот живот што го замислував. Изгледаше како игра во која не може да се победи, равенка која никако не можев да ја решам. Затоа се ослободив од тоа и почнав сопствен бизнис.
Сето тоа не дојде природно. Изгледа дека сум специјализирала во правење грешки, погрешни процени и промашување на краен рок. Потоа почнав повеќе да се навикнувам на задоволување на барањата на клиентите, бев поисполнета со моите успеси, дури и се предизвикував со тешкотии. Работата беше добра. Јас бев среќна. Помина една и пол деценија. Работев од мојата омилена улица во Калифорнија, седејќи на кауч, пишувајќи за механиката на земањето станбен кредит, гледајќи како со кран се руши градската библиотека од спротивната страна на улицата. Беше 10 часот наутро и животот беше баш таков каков што се надевав дека ќе биде во текот на повеќе турбулентни времиња.
Дали ова е тоа? Дали работите ќе бидат поинакви по пет години?
Непосредно по тие двоумења, зјапав во позитивен тест за бременост. Бременоста беше неочекувана, но не несакана, бидејќи додека јас и сопругот се обидувавме да ги насочиме умовите кон идејата за родителство, имав константна грижа. Што ќе се случи со мојата кариера? Како ќе се променат работите ако почнам да работам само додека моето бебе спие? Дали моето „гнездо“ кое долго го создавав со текот на времето ќе „умре“? Дали фриленсерството ќе премине во носталгија?
Го замислив рушењето на библиотеката. Деструкција, целосна и комплетна. Рушење на нешто за кое биле потребни години да се изгради, постигне, дизајнира, едноставно срушено за момент. Симболизмот ме насочи кон трчање по слатки од ѓумбир кои сфатив дека ми ја намалуваат утринската мачнина. Не можев да си ја изгубам кариерата. Фриленсерството едноставно е дел од мојот идентитет. Тоа е моја лична чувствителност, извор на гордост. Ја конструирав мојата професионална тврдина и сега кога мојот фетус доаѓаше, чувствував како се рушат ѕидовите на сето она што го изградив. Чувствував напад на паника.
Решив да преземам акција.
Акцијата, мајка ми еднаш ми рече, е клучот за олеснување на анксиозноста. Па почнав да се движам. Ги контактирав клиентите, им испратив електронска пошта со „Добри вести!“ Ја додадов бременоста како возбудлив додаток на мојот живот и предизвик за мојата работа. Одговорите постојано пристигаа, со честитки, а некои со уште подобри вести од другите. Еден од моите редовни клиенти предупреди дека нема да може да се справи со мојата состојба кога бебето ќе дојде и за обемот на работа. Друг прашуваше дали сакам да работам додека учам да бидам родител. „Ах“, си помислив, „почна процесот на филтрирање“. Можев да почувствувам како нервите ми се креваат. Тогаш донесов одлука: Едноставно ќе имам чувства. Ќе ги прифатам. Ќе ги поседувам. А потоа ќе се справувам и ќе работам на нив. Животот што го познавам ќе се смени, веќе се случува тоа. Мојата кариера се менува. Во ред, акција. Да видиме што може да се направи. Започнав да се договорам со клиентите: ќе работам однапред за потоа да земам два месеца слободно за да се поврзам со моето дете. Дури и најтврдокорните се огласија. Потоа повторно се изнервирав: Како ќе успеам да ја завршам целата работа? Направив календари, распоред на активности, поставив цели.
Како ќе си дозволиме финансиски да имаме нов член во семејството?
Тука е и финансискиот аспект. Никогаш не бев добра со пари. Го потрошив заштеденото кога отидов на пат низ Европа. Кога влезе сопругот во мојот живот, мојата сметка беше празна. Тој успеа преку некои фискални политики да одржува баланс, но сега сум одговорна за фактот дека ќе треба да го плаќам мојот дел од сметките, а сè уште да имам слободно време без да работам и да се грижам за дете.
Соочување. Преземање акција и реализација – зедов калкулатор, пенкало и хартија и пресметував. Мојот сопруг и јас живеевме како студенти, но си помислив „дојдовме дотука“, па ќе се најде начин да се справиме и со новонастанатата ситуација.
Кога пристигна Баз, се потпрев на некои вештини што ги развив кога ја развивав и мојата кариера со план да се грижам и за дете. Имав среќа што детето беше „лесно“ и мирно, нежно и соработуваше, но сепак требаше да се одвива и процесот на задоволување на неговите потреби. Не беше процес без маана – бидејќи и ништо не е – но сфатив дека можам да се справувам со предизвиците и за време на успесите, но и да се држам за време на тешките моменти.
Додека се вратив на целосно работно време, бев воодушевена од фактот што на лесен начин сè си дојде на свое место. Планирање и буџетирање – два валкани збора за мене во минатото, но сега ми помогнаа да го надминам и она што можеше да премине во вистинска катастрофа.
Сега не само што сум подобар автор, туку сум и посилна бизнис-жена благодарение на неочекуваната радост што ја претставува мојот син.
Автор: Алисон Ланда